прележи (св.)
Тамо најдов еден извор и дрвја со емиш, та си појадов и тамо ноќта прележав.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Еднаш се упатив кон широчината, горд зашто само јас прележав шарлах.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Се успокои како човек што прележал тешка болест и повеќе ниедна риба не исфрли.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И враќањето беше тешко; ја минав цела Русија, цела Романија, додека стигнав овде; ме фаќаа сите болести што војните ги оставиле: тифус, маларија, грип; некои ги прележував по пат, а некои по болниците; паѓав во трески, во огнови, во несвест, но се храбрев, си давав кураж да истраам, да се вратам жив...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Од долгото лежење сме заслабнати, сме загубиле од силата. Сме се прележале, што се вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Уште како дете прележа воспаление на мозокот, остана наглув и со маана во говорот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Орде се премести негде дента. Пискулиев прележа тука уште една ноќ.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Целиот беше крвав. Лицето и белата брада му беа испрскани со црвени дамки, како да прележува сипаници.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Ме погледна и, на неговиот јазик, ми вели: „Гледам, јазикот ти потфаќа, како удар да си прележала, а на пат сакаш да одиш.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)