прекривка (ж.)
Ќе се зберат старички во црковниот двор, мислеше тогаш, густо ќе се зберат со босилок в раце, со шепот на усни, со црни прекривки на темето.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Од екранот во собата паѓа снег. Паѓа полека, ме покрива како топла прекривка.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Стоеја во студникавиот мрак на ноќта, се соблекоа и ги тргнаа прекривките.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Прекривки со различни цени; дури два катафалка: за еден генерал и за некоја госпоѓа.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Голиот џам го омекна со одвај проѕирна и жолтникава завеса, тврдиот војнички кревет го стопли со обновена слама во сламарникот и со црвеникава куверта како прекривка.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Се сеќаваше на собата во која живееја, темна задушлива просторија, чија една половина ја исполнуваше еден кревет со бела прекривка.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Грубата дрвена масичка со лузни од разни засеци со белата прекривка како да ја зголеми светлината, а секојдневните шејови за готвење, јадење и пиење онака чисти и наредени секој на своето место, го зголемуваа пријатното чувство при влегувањето во одајчето.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Застануваат крај масичката која е покриена со прекривка и врз прекривката голем буќет цвеќиња во убава порцеланска вазна. И вазната нашарана со цвеќиња.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Посебно во овој момент ми се чини дека овие прекривки, кои го прекриваат столот околу кој се собира семејството за обедите, за мене добива посебно значење.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Немам никаква потреба од овие прекривки и морав некому да му ги подарам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Од едната страна на собата имаше една малечка мини-софа со везена прекривка во македонски народен стил, додека до неа стоеше подвижна масичка во ориентална форма.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
И прекривката со шари кои ја претставуваа француската тробојка не беше променета.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)