презема несв.

презема (несв.)

Таа мисла ја мачеше Доста, но беше уште многу рано за да презема некакви мерки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
ЛУКОВ: Никако допрашување. Одговорноста ја преземам - јас.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Слегуваа од планините со своите воени единици, ги преземаа градовите, луѓето ги пречекуваа како своја војска.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некои акции веќе превземаме. По џадиња, пруги, мостови... Веројатно слушате за тоа...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
— Демек така, Јоване, а? Јас ќе шеткам одонаде река, ќе терам ваки стока, ти ќе a преземаш понатака.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Работите „Бетон“ ги презема преку најголемата посредничка фирма во Западна Германија - „Холцман“, која со инвеститорите работи врз принципот „клучот - в раце“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Затоа е во неговата проза присутен и оној суптилен хумор, онаа блага иронија со која се говори за настаните што Чинго ги презема од самиот живот но ги трансформира во сцени кои, без магијата на јазикот, би биле секако неверојатни.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На војниците, лошо хранети, лошо облекувани и лошо обуени, во опинци, повеќе им се исплатуваше да останат во населба и како знаат и умеат да доаѓаат до храна, топла облека и покрив над главата, а офицерите, повеќе политичари одошто војници, место да поведат сметка за војската, сѐ преземаа за да ги уништат Началствата, она во Потковицата и од околните села.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Облеката ми ја впива потта, ми ја презема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали се губи или некој друг створ ја презема?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Збиваме и си го преземаме дишењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас многу му бев лут на татко ми што само седи, чека, и ништо не презема, а бев сугурен дека ако тргнам да го барам, самиот ќе го најдам дедо ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Чичкото и натаму си `рчи, вагонот е речиси студен од празнина, па фотографиите на девојките, живописни и мазни, го преземаат целосно моето внимание.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Иако постојано се преземаат мерки против нив.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Метафората на жртвувањето ја презема судбината на Балканот каде насилството и бесмислениот волунтаризам ја заменуваат мудроста на народите...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А бидејќи и јас сум производ на „лудите шеесети“ (svingin’ sixties) во Лондон, за мојата генерација сексот престана да биде централен, па така смртта ја презема и ја создава новата „порнографска граница“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А каква каузална форма презема имплементирањето е ирелевантно, и тоа сѐ додека тоа презема каузална форма.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Но, пред сѐ, според нас, Ботеро како уметник на новата Ренесанса одново ја откри перспективата, другата перспектива, не обратната и не деформираната, туку, како што веќе беше речено, ботероморфната перспектива во која фигурите ја преземаат формата на просторот, се зголемуваат како просторот и самите го оформуваат просторот...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Придружен дел на овој текст беше и едно интервју кое Buzoni го направи со Вулкански некаде 1992-та и кое беше објавено во една од книгичките во шест примероци, од кои Маргина нема ниту еден, такашто тоа интервју (според некои индиции доста значајно, бидејќи самиот Вулкански открива некои „автопоетички“ шифри за провалување во неговите текстови) може да се смета за загубено (по потрагата што ја преземавме). okno.mk | Margina #22 [1995] 77
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Повеќе