предозиран (прид.)
Страв и восхит
Претпоставка:
Македонскиот крал
премногу го сакал светот
и премногу можел
и премногу претчувствувал
немал време, хронично немал
но сепак доволно
за да ги поремети
дозите предвидени за рамнотежа
на Просторот, и самиот
без смисла за умереност
- хармонијата е нешто друго, сосема
само предозирана волја, отровен концентрат
само неповторлив порив, рев по далечното
- туѓината како вечно искушение!
само силна страст по странствување
per se, дури и во јазикот
само вродена дарба
да и’ се тутне на смртта
грациозно, пагански
под здолништето
додека Оваа си игра
божем случајно
криенка-миженка
митска мижитатара
само сензибилитет за походи
општа хиперсензибилност
- просто да се спростре
врз далечниот Исток
ко полна месечина на полноќ
- просто да го освои светот
како туѓа жена
со чувство на нелагодност
а забраната стимулира
срна истрчува на пусија
во заседа, балканско дувло
империјална глутница
избришани, заташкани траги
имагинарно писмо
толку голема моќ
што се втиснала во потсвеста
за век-и-веков
жиг на восхит и страв
од повторување
од повторување
на судбината...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
В подрум одам мајче, в подрум шетам секаде млади мајче наркомани гледам аманаман мајче аманаман го најдоа Трајче мајче сам во апартман Сам во апартман мајче, сам во апартман со шприц во рака мајче Трајче предозиран дилери фрчат мајче на секое ќоше у лошо друштво мајче го видов и Тоше Кај Мирко пaлицрква на техно мајче одат па кркаат табли и во вена се бодат аманаман мајче од ужас и страва целиот град е мајче завиткан во трава
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)