предвоен прид.

предвоен (прид.)

Можеби затоа што книгите се природно населени низ целата куќа и нивното присуство, во стариот кујнски шкаф, на пример, каде што во расеаноста на предвоениот мебел се потпираат еден со друг двата „народни готвачи“, петте тома од илустрираната сликовница за исчезнати цивилизации „Симфонии во каменот“, е сосема обично.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Од полуотворените врати на секаквите куќи кон мене зјапаа баби со лица на црцорци и тапонски агенти: оџачари со мердивани за да погледнуваат во туѓи прозорци, попови со оружје под прешироките мантии, предвоени пензионери на патерици и во излижани облеки на риги но со полициска цел во голите и збрачкани тикви, маслосани асфалтери со замачкани муцки и со душоваднички нокти на прстите, пожарникари, лажни студенти на државни бицикли, продавачи на зашеќерен сусам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сталинизмот, уште со предвоениот пакт со хитлеризмот, ја компромитира иднината на комунизмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Оваа предвоена компанија, настаната како специјален огранок на една од најдобрите светски фабрики за стакло Bausch and Lomb, својата популарност ја стекна за време на Втората светска војна кога американските пилоти како задолжителен дел од својата опрема ги носеа и ray ban наочарите за сонце.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Потоа настаните почнаа да се одвиваат како на грамофон со труба, на напуканата плоча ставена на погрешна брзина: предвоениот доктор заедно со својата животна придружничка реши пензионерските денови да ги заврши во родното место, кое сметаше дека најпосле заслужило славниот сограѓанин да ги остави своите коски на прадедовските гробишта штотуку здобиени со нова реформистичка управа; младата мајка се уштутка во одеднаш испразнетата куќа, со доенче во едната, а скрипти во другата рака, не знаејќи дали попрво да готви ручек или да пере пелени, па најпосле најми дадилка и се префли на фармација.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сѐ додека дома, еднаш сред бел ден, кога се подена тоа прашање, татко му, предвоен доктор, не си ги избриша мустаќите од неделниот ручек и авторитетно заклучи, како само од себе да се подразбира, но и без приговор: - Се разбира, медицина.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Снимателот беше, впрочем, предвоен фотограф, кој излегол во партизани последните месеци колку да им ги направи на новите раководители првите ретуширани портрети, па како таков, то ест како уметнички фотограф, стана и филмски снимател во новооснованото филмаџиско претпријатие, но иако дополу задоволен криеше уште амбиции, што допрва имаше да ги видат оние што беа доделени да ги сетат на свој грб.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Така тие сметале дека „Словенија (вклучувајќи ја предвоена Словенија плус Приморско и делови од Истра), Хрватска (вклучувајќи ја Славонија, Хрватска, Далмација и делови од Истра) и Србија можат привремено да бидат ограничени на принципот на апсолутно мнозинство.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
„Ма, немој да ме зезаш!“, се смеам јас, а тој ми намигнува како предвоен швалер со два прста мустаќ како Клерк Гебл и ми раскажува: „Ти немаш поим за животот, дете.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За Роска, Кизо и Родне Роска се омажи млада, за богат белграѓанец со синџир слаткарници во предвоена Југославија и остана вдовица на првиот заеднички лет на крилјата на љубовта.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сфати дека партиите сакаат ослободителната војна да се води само до таму до каде што зафаќа предвоената гранична линија и ако нема да се придржуваат на ова, тогаш ќе бидат осудени како автономисти и така би.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Маж со среден раст, облечен во стара предвоена грчка офицерска униформа без ознаки.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)