прегрупира (св. и несв.)
Неколку недели нема борба, нема ништо. Се прегрупираат војските, чекаме помош, муниција. Од Французите, Тогаш и се зближивме со Витомира.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
По револуционерниот период од педесеттите и шеесеттите години, општеството се прегрупира, како и секогаш, на висока, средна и ниска група.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
За да се разбере природата на сегашната војна - зашто, и покрај прегрупирањето што се случува на секои неколку години тоа е секогаш истата војна - мора прво да се сфати дека е невозможно таа да биде решавачка.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Другари команданти, тоа би било сѐ. Сега вратете се во своите единици и по изнесениот редослед започнете го прегрупирањето...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Станувај. Одиме горе. Ќе се прегрупираат и ќе тргнат во напад. Станувај...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)