превиди (св.)
Збивал, збивал, одвај душата си ја зел од пусти страв што беше превидел од држењето на Велка.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Гладното и полно со болни превивања тело имаше само еден единствен начин за да ја испрати таа продолжена темнина, за да ја превиди и да се скрие од неа, а тоа беше сонот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А наеднаш како мов, подводна трева, меѓу неговиот поглед и она малечко, долгоуво главче на неговото срнче, се залелка и се отвори сега на еден сосема поинаков начин, зародена прво во него, а после одразена од него и во овие питоми очички на животинчето, познатата непремостива провалија; му се врати на еден само негов начин, а веднаш со неа и едно зачудување во него како можел да ја превидува толку дена.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А што сѐ превиде тоа ковчеџе откако пред многу години го купи и му стана составен дел од неговиот живот; се фрлаше во разни превозни средства завиткано во вреќа за да не се гледа, да се заштити или да се носи полесно кога одеше пеш или кога му го даваше некому да го носи; не ретко му служеше да ги потпира на него плеќите или главата на разните железнички или автобуски станици чекајќи воз или автобус за некаде; да седи на него како на столче на палубите од бродовите во долгите деноноќни пловења; да го товари на коњи, магариња и камили по патиштата каде што само тие можеа да одат, да се изложува на ризик, да си го става на коцка животот поради неговата привлечност и будење љубопитност кај разните луѓе што го придружуваа или со кои доаѓаше во допир; да го продава кога ќе немаше пари и пак да не го продаде за да не се одвои од него; да му ги менува или крши катинарчињата кога ќе ги изгубеше клучињата, да го чисти и дотерува кога ќе се наводенеше од дожд и снег, да му го повраќа сјајот, убавината; да им го остава понекогаш на газдите како залог додека дојде до пари за да им ја плати станарината; тој му беше единствен сведок, придружник и другар во патувањата носејќи налепници од разни места и хотели.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Кажано со технички психоаналитички јазик, сега мислам дека тогаш превидов дека тој го проектираше дедо ми на мене.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Се превидувало она поетското во таа артифициелност.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Се превидувало дека повеќе станувало збор за „детски“ фантазмогории отколку за еден коруптен, презреан, декадентен „интелект“.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
И не ли е нашето превидување на таа промена само придружна појава на истиот оној машки кукавичлак што и нѐ донесе во оваа кал и понатаму затрупувајќи нѐ во неа?
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Не можеме да ја превидиме новата порака на квантните истражувања, според кои свеста игра активна и неделива улога во она што го познаваме како физички универзум.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Просто, му се раздроби и ќе му препукнеше до колку не праша: - Целиот бел север го испросанкав, многу видов и превидов, ама ваков панаѓур, волку убав свет, не сум видел ни насоне.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Очајот не може да ѝ се превиди
ни да се спореди, кога ме здогледува
на нејзината страна.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)