превал м.
превали св.

превал (м.)

Преку поточето, низ буковата корија, се качуваше тесна патека, лазејќи кон ридот, кој се викаше Гола Глава, префрлувајќи ја височината преку еден превал.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За да ја отстрани сосем таа неспокојна мисла, почна да вика, да свирка, предизвикувајќи ги на тој начин од далечина своите кучиња, Караман и Стрела, кои останаа крај колибата, да лајат и со тоа барем до превалецот на Гола Глава да не се чувствува сам.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од горе, откај свијокот што почнува надолу од превалот се нададе камион.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сенката на манастирот паѓала на другата страна, кон густите полусуви и сѐ уште неизгорени смреки премалку достоинствени за својата жилавост, кон зимзелената расфрленост што горе, под најблагиот превалец се проретчувала пред старци дабови, и пред парченца млечна покривка на снег со четирипрсни траги на лештарки и со лански примки за горски еребици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но мора Живко да дремел на едно око, зашто кога се искачивме на Плетвар ги ококори и двете; па нѐ запре, како божем да побара соодветна грмушка за шушливо олеснување, а всушност да нѐ поведе кон стариот мотел на самиот превал.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Животот го преминува превалецот на времето во невреме, во икиндија време, во снежно време, во време што никој не можел да го одреди ……..
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Дојдоа другите шофери и со раце и нозе и лопати го исфрливме снегот и патот го отворивме сѐ до горе каде завршува кривината, до превалот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Остар свиок пред црквата Св.Ѓорги и десно широк паркинг од каде се гледа целиот видик на источниот преспански брег што на север почнува во Асамати и на југ завршува на Превалот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Општо повлекување на сите единици. Насока - селото Смрдеш, планината Врба, Превалот и од тука во две насоки.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога Огне го мина превалецот, во Ѕвезда пламна толку силен огон - небаре миговно ќе ја изгори.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Двете колони тенкови, едната од Лерин преку Псодери, а другата од Костур преку Габреш, се сретнаа на крстосницата подолу од селото Желево и се упатија кон Превалот каде владината пешадија веќе два часа води борба.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во длабочината, најблизу до езерото Мала Преспа - Превалот и малите ридови на селата Медово и со посебно внимание на селото Раби, последното упориште пред влезот во Пероо, преминот меѓу двете преспански езера.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- На изгрејсонце сум се разбудила на еден зглавник со него, бабо, покриени со една јамболија... од една вода сме се измиле... во бела крпа од лебот и пиперна солца сум му врзала... и сум го испратила угоре сè до Самовилската ливада, до езерцата Пелистерски очи... по една темјанушка како нишан си подадовме - Ќе се вратам - ми рече - Ќе те чекам - му реков... и си замина отаде превалецот - како мама што си замина - накај Беласица...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)