првомајски (прид.)
Козите излегуваа, се постројуваа со козарите зад славното стадо на Чанга, како на големите првомајски паради.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ние децата велевме дека овие ракети се поубави од првомајските.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Беше живо и свечено на големиот плоштад во центарот на главниот град на јужната република како некогаш на големите првомајски или воени паради.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Излезе пред големиот Плоштад. Беа стивнале првомајските извици, од првата прослава по победата.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Напротив, нивното појавување на замислените патеки во придружба на лигавата насмевка на Пачев Загорка Пеперутката го проследи како највпечатлив настап од првомајските паради па затоа и потстана и долго го изразуваше задоволството ракоплескајќи му на ова свое привидение.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Стојам кај Сујтлакот, пред Првомајските празници. Сакам да проверам како врват работите и дали валјакот ќе успее да го израмни и набие макадамот што води над градот, до местото за прошетки и излети.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И колку повеќе џагор ќе имаше во нашата куќа за првомајските празници.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Вчера ја закопавме мајка ми и ги откопавме заедничките спомени: вареното млеко без кајмак и со многу шеќер, врелиот сутлијаш посолен со цимет, букетите црвени булки на првомајските излети, облогите на детското чело и гради кои го цицаа огнот, па предупредувањата дека во секоја вода има аждер пред да тргнеме на риба на реката или на капење во градскиот базен, нежните галежи кога од некого ќе добиевме завратница за спомен и долго сеќавање...
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Тогаш во Пионерскиот дом почнавме да се подготвуваме за Првомајската парада и веќе знаевме дека не е убаво да се лаже ни за први април оти тој што лаже и краде и цел живот ќе има вошки и ќе носи ѕиври.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Нѐ кани на гости за првомајските празници. Што велиш, да одиме?
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Џабе надвор приврнуваше првомајски дождец.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)