православие ср.

православие (ср.)

Наместо тие благородни задачи, православјето сее само раздор и омраза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Православјето во Македонија сега до толку е искривоколчено што и не може да станува збор за една православна црква, – сега таму има 3 цркви, но не православни, а: грчка, бугарска и српска.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
43. Православјето – најстарата, најраспространетата и основната религија на сите македонски народности, за сожалување, сосем ја загубило од видот својата главна цел да сее братство меѓу народите, да ги облагородува срцата на верниците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По еден нерод, не толку старечки колку продолжување на кошмар, разбуричканост врз која пливаат трупови на мртви мисли, Богдан Јанков се обиде да ја поврзе нишката меѓу парчето рај од сонот и рајот од кој светецот во шарена одежда им покажува на крстените паганици дека православјето им носи благодет, посребрена чубрика за толчење или за венче околу глава.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Другата страна пак, српската, своето чудовиште го креира од елементите на хистеричното православие, мешајќи ги православните икони со опинците, фолклорниот лелек со четничките ками и брадестите убијци.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Познато е од историјата дека со секоја победа на Отоманците се зголемувал бројот на преобратените албански рисјани во муслимани, но и враќање во католицизам или во православје, штом на бојното поле христијанските војски означувале победа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој авторитетно ја крена прачката и започна да ги коментира податоците од паното за албанското православие.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сосема е очигледна врската помеѓу кириличниот систем на писмо, византиското влијание во културата и политиката и православието во духовниот живот на дадените земји, а секоја земја разви свој сопствен стил на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во античкиот период, а и подоцна, во те­кот на повеќе векови, земјата ќе се најде на политичката, на воената и на културната граница помеѓу Исток и Запад, најпрвин помеѓу Римската Империја и античката грчка цивилизација, потоа во европскиот среден век, помеѓу католичка Италија и балканското православје.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Трагиката на родната земја, под сталинизмот и вна­трешниот ѕид од седумстотини илјади бункери, ја видов и ја пренесов низ глобалната метафора на Атеистичкиот музеј (во книгата со истоимениот наслов) во Скадар, изграден со цел во првата и последна атеистичка држава во светот, идеологијата да го преземе местото на трите религии (исламот и христијанството, со православјето и католицизмот).
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Од него се сочувани до денес некои поважни објекти, но сепак опстојува како центар на православието на чело со свој Вселенски Патријарх. ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Книгата е напишана на извонреден начин, во која авторот се обидува на своите собеседници да им даде на знаење дека ги замениле трите религии, својствени на албанскиот народ (исламот, православието и католицизмот), кои биле добро поставени и толерантни една кон друга, со комунистичкиот сталинизам, кој ќе завладее како еден вид нова религија која сакала да го заземе местото на другите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не треба да се изуми фактот дека на Балканот и пошироко, христијанското православие и исламот заземаат понекогаш и дистанциран однос кон западноевропското мислење!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ние покажуваме дека православјето и исламот почиваат врз корените на источниот немилитантен мистицизам, за разлика од западното христијанство уште од времето на инквизицијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)