правење ср.

правење (ср.)

Што е ова, што е ова, сестро, на полноќ правење беусур?!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Еден од марифетите беше и правење „мечка" и играње со неа по селата или пунктовите каде што имаше Германци, а особено нивни складови со продукти.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А Дочка така сакаше. „Море, ти само носи Ило, та да видиш Доца што мајстор е за правење и за јадење!“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бошко се врати дома проколнувајќи ја својата судбина која го доведе до ова да постапува како што не сакал и да прави што не е за правење.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Ете, тие се злото на царштината и тие ќе ја урнат, а не овие домаќини луѓе што се креваат да си ги заштитат своите имоти и животи", — си заклучи тој и си отиде во Битола да му рапортира на својот бимбашија, а преку него и на самиот Бахтијара дека во неговото село зимоска убаво поминал без да имало причини за зулуми правење.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Шо беше за правење — се направи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И при балсамирањето, при правењето на мумиите, старите Египјани употребувале мед.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Мајката, значи мора да имам нешто згрешено во правењето, вели татко, мора да сум погрешил нешто во правењето, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Послабите ученици ги поучувал во читање и правење слободни состави, книгата била неговиот најмил другар.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И ќе продолжев така со правење гоблени, но во 1918 година изби пролетерската револуција.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Непосредно пред жетвата, ден, два, пред првиот срп, главите на домаќинствата им заповедаа на мажите што во домаќинствата по ранг стоеја веднаш до нив, тоа беа обично помладите браќа, или најстарите синови, да ожнеат неколку снопови ’рж за правење јажици.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Уште една ропска ноќ, со толку можности во себе за правење чудесии, си мислеше, се спушта врз мене, ме завиткува во себе, ме поплатува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од така потопениата во вода `ржаница, откако добро ќе искиснеше, наредниот ден, околу мала ужина, правеа јажици и тоа, правењето на јажици,како и врзувањето на снопје со нив, беше мајсторија што не знаеше секој да ја прави, туку само најопитните.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Штом е така, - рече баба ми, - ќе можам да ја искористам за правење пинџури ајвар уште есенва, нели?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Помислив како трговецот им се потсмеваше на надмените христијански господари на кои, трошејќи ја умешноста на облекување, чешлање и правење заговори на хиподромот меѓу две трки, не им паѓаше на ум барем да се потсетат на својот народ.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ама како да ѝ кажам дека времето ми поминало во правење автенце.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На пример, никогаш не можеше да си прости што, за сметка на неколку таткови книги, го остави рачниот апарат за брзо правење јуфки купен при нејзиното единствено патување во животот, патувањето во Италија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Идејата е дека философите, литерарните критичари, правниците, историчарите, и другите кои се добри во правењето дистинкции, во преопишувањето и реконтекстуализирањето, можат да го стават во употреба својот талент „изложувајќи“ ги или „демистифицирајќа“ ги присутните општествени практики.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ако се вклопува, во ред; ако пак испаднат несварливи, повторно е во ред, зашто ќе го потсетат гледачот на артифициелноста на правењето филм.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И тоа во две насоки: „правење дупки“ во смисла на поткопување и продлабочување на јазот со овдешните тотално анахрони културни монополисти, и 2) правењето дупки е вештина на преживувањето (воздух!), свест дека културите опстојуваат само мешајќи се, и дека се или коресподентни (пропустливи, „издупчени“!) и живи, или дека се аутистични, самозадоволни и - мртви.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Повеќе