правдина (ж.)
Кој умрел за татковина и за човечки правдини - каде вас, братко, не гинел, со вас до векот живеел.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Премногу сум стар, премногу сум сам, немоќен и уплашен за да можам да се кренам против злото, но со него, од бога, правдината и би ја распоредил така што секој створ на земјава да има еднаков дел од неа и да има еднакво право на неа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Го убија стрика Анѓела, на правдина, се провикнува наеднаш и наеднаш замолчува, ги гледа луѓето измрзнати, лути и завеани, и сам изѕемнат, лут и сиот завеан со снег и се двоуми дали да продолжи да зборува и да им го каже тоа што го има на душата, што му е, што му тежи на срцето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Господи, сполај ти на правдината што си ни ја подарил, липав во себе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа, строга од некоја своја правдина и со ѕвезда од танки брчки околу устата, застанала пред двајцата без да им одговори на поздравот. Чекала.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога стигнал со своите голтари до Скопје, она што никој не го памети и што го запалиле австриските војски на честитиот или никаквиот цар Леополд, ајдутот Парамон дошол пред књазот Карпош и му рекол дека ќе се бори на негова страна за човечки правдини.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не е правдина да речам дека наставничката по англиски јазик е премногу строга.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Овој пат тато навистина ја рече правдината.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Другите се запишале со измислено име и презиме. Едноставно - не се кажале по правдина кои се!
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ќе дојде време ќе се знае вистината: дали сум или не сум рака на правдината.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Во тоа и покажуваше по малку и смисла за правдина, но повеќе со сила се наложуваше. Така и се прослави Јагулче Езерски.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Повеќе беше орден на нанесена неправда отколку орден на правдина.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Златното поле на Македонија, а во него – вистината, правдината, татковината, Господ, народот, иднината...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Да, сосема непромислено бев повел војна за некоја правдина, за некаква одговорност на видни поединци во остворувањето на идеалите што ги бевме ставиле толку лесно на хартија.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Веруваше дека со неуморен дијалог и дебати може да ја докаже својата вистина, оти во таа вистина беше Божјата правдина.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Од секое ќоше демне по некој холивудски народен херој, некој славен лик што се борел за човечки правдини, некој јунак над јунаци што изгинал на големото платно, на пожолтените страници на рото-романите или пак на стрип-лентите во високотиражните весници.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Носниците, како два отвора што вдувуваа и издувуваа правдини, беа два спокојни отвора за почеток и крај на здивот, од каде што извираше човековата сила.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Варуна е твојот спасител сега Нека не бега самосвеста од твоето измачено тело Не е нова веста дека ништо не е сосема бело Митра ти што правдини делиш за секого исто Биди ми водич на моето несвесно Јас Ти кој ја познаваш магијата на духот Во дослух со мојот ум Всади ми почит Во очи со вистината
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
А врховна потреба е да се знае дека кајшто има сила нема правдина И уште да се запамети дека е правосилна онаа народната Дека се рече ли кучето бесно е си останува бесно што и да стори отпосле Од друга страна и меѓу самите Словени мнозина знаат Дека и Словените и пансловените не се китки за мирисање И дека особено тешко се ослободуваат од стари соништа
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Библијата ги принудуваше Евреите и христијаните да трагаат по бесмртноста покорувајќи се на Бога, останувајќи верни на добродетелите и правдината.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)