почва ж.

почва (ж.)

Значи, во текот на последниве 25 години односите помеѓу Бугарија и Македонија почиваат не врз почва на еднакви традиции и задачи, а на чисто трговска основа т.е. едниот го експлоатира другиот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така, работењето наше ќе треба да биде врз почвата на народното просветување: мирно, легално, еволуционо; тоа ќе има за цел интелигенцијата да биде вистинска слугинка на народот, а не наопаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Почва за него има, но нема сакање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пролетта ги извлекуваше пијавиците од подводната почва.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Вполноќи некаде, легнати на брегот, ја бакнуваат својата света почва во која ништо не догорува и слушаат како шкрипи на ветрот некоја подотворена врата, И замирисува некој исушен цвет во заклетвите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Далечен пат изминала ружата додека во „Розовата долина“ ја нашла својата почва.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Колата почна да се лизга и да ја губи почвата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Меѓу неговите долни, широки гранки лежеше човек. Со прсти зариени в почва. Беше тоа брат ми.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Неколку дена подоцна директниот погодок на топовското ѓуле го распрсна по тврдата, заледена почва.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Во зачаденото жржорење меѓу наши познати брадосани парталковци, некои од нив со нож во појасот, луѓе на кои кафеаната има станала вистинска татковина за која се врзани сите нивни романтичарски прчења, очајувања или нејасни радости, Ибраим Ибраим ме обогатуваше со нешто одамнешно што секогаш, и додека се слуша и подоцна, излгледаше дека е измислено, исградено како мисловна архитектура со врелина и недостижна фантазија никната од почвата и дарбата на старите раскажувачи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дел од неговата душа засекогаш умира на непозната почва.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Не знам“, ми рече. „Нешто што е посилно од мене сѐ повеќе ме изменува. јасно ми е кој сум, не сфаќам само како сум. На оваа почва сум пресаден не знам по колку осеменувања и овде сум никнат, сроден со оваа земја и ова небо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И со склопени очи го гледав зад зелена магла човекот-факел како споулавено трча, а зад него, зад границата на тој настан, се протегаа моите соништа врз почва покриена со кожа на џиновски гуштер.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Помеѓу сламените покриви на куќите и притаените ридишта се протегала пржелика, дива неродница со мравулници, запрена со запрложен џанкарник без цут на гранките - таквите суви почви не држат на себе ни човек ни тревка. Негде со очај се гласела ветрушка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И Лозан Перуника се вратил од почва на гримизна топлина во зелен свет на стварност, не за да го предаде својот сој и неговиот нагон туку да го надрасне густото шепотење на крвта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Врз основа на овие наоди, првостепениот суд донесе решение со кое Танаил се ослободува од обвинувањето, наведувајќи дека од наводите на вештите лица, се гледа дека куќата лежи на несигурна почва.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Треба да се видат и другите причини. Можеби е во прашање почвата на која лежи куќата, но за тоа јас не сум стучњак.“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Беше една од нивните молчаливи, поднаведнати сенки што се лизгаше по почвата кога појдоа во потрага по пленот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Убеден си дека се непрегледни, а штом надојде ноќта: небото налегнува, ги обгрнува, ги запленува - и почвата, и водите – во внатрешноста на огромниот балон од ѕвездена сапуница.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Како што Змијата ѝ дозволува на темната грабливка да ги забие канџите во нејзиното виулесто тело, оплодувајќи ја со сината крв жедната почва, како што Загреј, парчосан од синовите на Уран, повторно се раѓа, уште помамлив и постраствен во светлината на мудроста, така и тие, загадочните рицери, непомирливи бунтовници против Законот што потценувачки го дели боженското од земното, минувајќи низ она што го нарекуваме стварност, се претопува во треперливата прегратка на духот, засекогаш млади, неранливи во своето жртвување...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Повеќе