потхрани (св.)
Роден од поразот кај Седан и потхрануван со драмата на загубените провинции, францускиот национализам е само прилагодување кон домашните прилики на сите теми содржани во Volksgeist-от. 28
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Или ако сакате - бирократизираниот уметник станува манијакален трагач по извесна СОЦИЈАЛНА ВРЕДНОСТ; вредност која иницира нов синџир на опсесивности потхранувани од еден многу разбирлив комуникациски систем што нуди прифатливи за мнозинството играрии во сферите на политичкото.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Така се потхранува суетата, а суетата, за некои жени, ако не за сите, е поважна од сѐ.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дури и ако сакав не знам дали ќе можев тој нејзин избор, тумбата, да го потхранувам со некои други значења?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сега имаш доволно докази
за живот
- спомени
кои ја потхрануваат
имагинацијата
небаре е
суета - долго ликување
на заборавот, невидима јама.
И, се разбира, парадокс:
ќе биде она што најмалку си го посакувала
во склад со законот
на убедлива
веројатност.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Обично кога заминуваат владетелите, продолжува извесен период да живее нивниот мит, најмногу потхрануван од најверните соработници на владетелот, од инерцијата на претходното владеење На крајот историјата останува последниот арбитар во бездната на меморијата се извишуваат или исчезнуваат засекогаш некогаш моќните гласови Одбраната дружина нови амбасадори во светот, по едногодишните подготовки во Белград, како да беше дел од инерцијата на обезглавената власт по исчезнувањето на маршалот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Според нашите податоци, откако имате откриено дека на вашиот добродетел Чардаклија му е изречена и казна, вие се впуштате во проверка на утврдените факти, ги потхранувате луѓето од селото со некои свои вистини, а во прибирањето на податоците не ги заобиколувате ни најблиските на обвинетиот кои сосема разбирливо секогаш ја застапуваат страната на обвинетиот; со еден збор, вршите своја приватна истрага со противдржавна намера.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Татко не му ја потхрани оваа теза на Камилски, макар што и тој веруваше дека постојат елементи со коишто и би можела да се брани.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)