потсеќа (несв.)
Кога се разболе од задоцнета сипаница, Иван по пошта ѝ испрати сѐ што потсеќаше на неа - и писма и слики.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Но нивното цврчење нѐ потсеќа на нешто што е толку мило и скапоцено: далеку сме од канџите на оние што го зграбија Колета.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
И учителката, со својот внимателен однос кон мене, често ме потсеќаше на тоа страшно, и јас не можев да внимавам на тоа што го предаваше.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Сѐ таму потсеќаше на мама, на нејзините раце.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Нашите девојки потсеќаа на нешто најчисто, најубаво, на цвеќенце што расцутува, на нежно, тенко тревче што се вее на благиот пролетен ветар, потсеќаа на сѐ добро што може да посака срцето.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
На своите дванаесет години се потпишував со ЕМ, бидејќи никако не сакав да ја запомнам буквата Л, зашто таа на нешто многу лошо ме потсеќаше.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Крвта во жилите течеше, тоа веќе беше некакво чувство, најпосле нешто работевме што потсеќаше на животот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
...големиот закон на природноста наспроти квадрантите промислата наспроти оправдувањето лебедот наспроти кристалот крв слободна од телото се простира пред окото зад извикот таму каде чека твојата сребрена чевличка твојот заден траг... знаците од сонот или сонувачите како алтернативци ...отежната од змиските клопчиња гранките се веднат скоро до паднатите лисја зошто оттаму од живите шуми ме потсеќаш на своите боси стопала јас не сум лошиот родител ниту ти оставеното дете тие чудовишни црнобели слики се сосема предвидлива компензација за отсатноста сонот место допир декорот го бираме наизменично ноќва се моите змии шумите следната ноќ возењето во спротивна насока распарченото тело на асфалтот крваво што го љубиш осветлена во трикото на невина балерина потоа јас летот над градот по ехото на твојот глас па ти појадокот во природа со заборавените заеднички пријатели...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Таму, во Париз, понекогаш го вртам албумот со фотографиите од детство: тие куќички, дворови, сокаци, врамени едни крај други ме потсеќаат само на прочитаните описи на еснафските квартови во определен тип романи за кои чувствувам извесна приврзаност.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Возбудливо? Мене ме потсеќа на шахот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
20.00 Постои тенденција на чести ерекции за време на почетната фаза од пушењето, што ме потсеќа, кога сме веќе кај оваа тема: за сексот во однос на хероинот можам да кажам две работи.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Глетката потсеќа на оние од разгледниците, а вие замислувате како го сечете мангото на четвртинки.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
А крвчето понекогаш ме потсеќа на својата спротивност - на металната идентификациска плочка околу војничките вратови која по смртта на војниците им ја ставаат во уста. На непријателските војници, се разбира.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
На пример, вие сте застанале крај гробот на некоја исчезната позната личност, за која некогаш нешто сте читале, но токму што - тишина; вие стоите, слушате како над главата ви воздивнуваат темните крошни, како вознемирено гака јато врани и едновремено се потсеќате - тоа и е моментот за изненадување.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Затоа, штом се симнав од валканиот воз и минав низ Железничката станица, една стара зграда што и по својот изглед и амбиентот недвосмислено потсеќаше на последните романтично утописки денови на грофот Толстој, без нервоза тргнав пешки низ паркот што започнуваше веднаш тука, едно дваесетина метри подалеку од станицата.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Јагленарот инсистирал да си го наплати долгот. Постојано го потсеќал сенарот на долгот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ете нека биде 1:0 за мене еден за тебе нула Нулата повеќе потсеќа на круг Земјата и сонцето се вртат во круг И сите нешта, нели и животот потсеќа на круг час на горе час на долу.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)