потпора (ж.)

За смртта тој не се решаваше прв да ѝ каже, од неа злото го крие, бидејки ѝ беше единствена потпора, левен, чедо на мајка си првно.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Можеше да се обиде да најде уште некоја потпора за своето тело во подебелите ветки околу себе, да се загнезди меѓу нив колку што му беше возможно тоа во неговата положба на закачен, а за да сето време секое негово движење се престоруваше во растреперена напнатост, така што еднаш беше принуден докрај да се смири и само да трае.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаев дека јас ќе ѝ бидам и натаму секогаш најнеопходна, најголема заштита, најголема потпора, и сестра и мајка во исто време.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Римата е нешто како звуковна потпора која да ја сочува сета структура на песната, вклучувајќи ја и сликата во неа.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Нема за што да се фатиш, да се закрепиш. Мислиш сѐ е без потпора, без задршка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Очите сами ми се затвораат. Да можам би си ставил потпори на клепките. Да не ми паѓаат, како што паѓам и јас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Реката што слегува од планината, врви кај патот, се лиже од неговите ѕидани потпори, а потоа под селото, го напушта и оди слободно низ полето, се витка како јагула и се пика во езерото.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Горчин рано го загуби татко му, тукушто влезе во пубертет, и мајката беше онаа силна потпора што го отшколува и што го изведе на вистински пат.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Она што остана во националната држава е чистата политичка власт која веќе ја нема потпората на економскиот менаџмент и културната хегемонија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога телото станува материјална потпора, субјект, содржина на уметноста, тоа ја задржува можноста да ги измени детерминираните и фиксни односи коишто некогашниот објективен статус на уметноста ги бараше во играта на субјективитети поставени и емитирани со телесни гестови, структури и односи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Симоновиот ракопис е поткопуван од наративот на Агна, на биографијата на Симоновиот предок Никола Поцо, со посредство на историчарот Владе, ѝ се спротивставени наводни историски документи за историјата на селото, а читателот е принуден да го менува мислењето губејќи ја секоја објективна точка на гледање и потпора која може да пружи конечни одговори.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ова си го говореше себеси; бараше потпора за своите верувања.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се разбира, за него сите учители и побудните и заможни граѓани претставувале опасност за Царството: првите како главни раководители на револуционерното движење, а вторите ги сметал за материјална потпора на истото.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во своето време тој бил најдобар ѕидар на камени мостови, но не била само неговата вештина тоа што ја спречило Луда Река да не ги зграпчи столбовите на мостот и да не ги проголта неговите сводови и потпори.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Столетието што го делеше од дедо му имењак, ја загуби својата перспектива и неговото сопствено време и неговото „јас“ се склопија со времето и своето „јас“ на неговиот предок, така тој сега стана опседнат од верувањето дека тој лично, а не прадедо му, го изградил мостот на Луда Река, и дека во потпорите на тој мост, што е прикажан во многу приказни, тој ја жртвувал својата невеста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Ја почнал работата рано напролет и се надевал дека ќе ја заврши пред зимата, но, за несреќа таа година зимата дошла многу рано и тој морал да ја прекине работата со завршени само три потпори, од вкупно пет.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Чудно однесување! Трогателна приврзаност кон она што се случува и надвор од зборовите додека бараме потпора во знаците втиснати од животот во нашите сетила.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но тоа била погрешна информација бидејќи на територијата на Македонија четничкото движење немало голема потпора кај македонското население, бидејќи поголемиот дел од Србите кои се наоѓале на служба во Македонија заминале или биле протерани од бугарските окупатори непосредно по окупацијата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И ќе ти кажам дека никогаш не ми беше потпора.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Во целиот тој кошмар единствена цврста потпора за Рада беше Томо. Но, се прашуваше и самата: до кога?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе