поток (м.)
Ел - Тепе в облак надвишил чело, шумоли тивко низ гора лист, мирисат росни цвеќиња в долој, ромори поток ко солза чист...
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Се намести до мене и ми ја прочита песната за убиениот крал напишана на руски, од кое јас запомнав само неколку зборови без да ја разберам содржината над која тој пролеа врел поток.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Другата литографија ми се допадна и ме привлече; дете и момиче се држат за рака и минуваат преку дрвено мовче искривено над бел и брз поток.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Старицата ја гледа белината на таа глава, и нејзе ѝ е до разговор; оди по беспаќето на планината, се храни со оној тврд леб, пие од поток што ретко ги сече ваквите неродници - камењарот и расеаните, темни смреки.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Може и да ја знаеш неговата куќичка. Таа лежи од онаа страна на пенливиот поток, пред бескрајната шума чии тајни, шумови и страсти не ми се познати.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Таа беше темнолилава и слична на сите сенки а тој копнееше по влажно зеленило каква што е мевестата облека на шумските стебла - зеленило смекнато од сочното млеко на земјата. И влажни камења на крај поток.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сега знаеше дека горнопланинците, оние отаде нејакиот поток кај што земјата подѕирнува тап камен, не можеа да се пофалат со сит живот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Над секој поток неуморно чкртаат воденици.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Стреите заплакаа, снегот смекна, се разводенеа. Надојдоа и се заматија потоците и реките.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Млада, свежа, убава пролет со кукурек и синолички, со бујни потоци, шарени ливади и нови солзи.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Беше синозелен мраз во неговата длабочина, беше искадравен во дебелите столбови мранзули, полеани и плиснати надолу, како замрзнувањето да беше фатило и скаменило само еден миг од разиграноста на палавиот поток, со сета негова боја, со сиот негов немир.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во валчестата шуплина на буката, која колку се одеше подолу се стеснуваше по должина од над десетина метра, сега го немаше оној ниеднаш непрекинат заплисок на остриот пад на водата од планинскиот поток, што се вливаше во неа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во валчестата шуплина на буката1, која колку се одеше подолу се стеснуваше по должина од над десетина метра, сега го немаше оној ниеднаш непрекинат заплисок на остриот пад на водата од планинскиот поток, што се вливаше во неа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се наредивме крај потокот, расфрлавме камења во него, испоскокавме преку него и пак се собравме крај неа.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Каде, учителке? ... Таа застана, се избриша со шамијата по вратот и челото, продува низ устата насобрана врелина и рече: - Овде, крај потоков...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Минавме низ дворот, излеговме на патот, свртевме надолу кон потокот и застанавме.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Волкот в поток скокнува, бистра вода локнува, Волкот риба станува, со опаш замавнува.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
- Не тагувај жедно славејче, јас ќе те напојам! - рече поточето.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Оди си! - налутено го пречека и поточето. - Ти си лошо славејче.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)