потомство ср.

потомство (ср.)

Да си го зачува некој својот народен јазик и да го брани како светиња, значи да му остане тој верен на духот на своите предедовци и да почитува сѐ што имаат тие направено за своето потомство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ѕидниот часовник – Предел во кој да ги распознаеш сите божји состојки од кои растат децата и цветовите; Поштарот кој среде летен дожд тропа на вратата и го довикува твоето име; ветровите што го менуваат правецот на корабите; воин од кој е останата само бројка врежана на неговиот череп; иницијали на ѕверови престорени во болки и во гранчиња; калуѓери што се движат по работ на морето и бараат пусти земји за молитви и мир; Елена на топлата постела на првата вечер; потомства што ќе ги остават своите ребра покрај ребрата на своите татковци; записот оставен врз плочата над нас.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Велам: цели потомства скриени во каменот уште копаат и бараат нешто што не го најдоа во животот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Пример рибата: за да го продолжи своето потомство, во зависност од видот, исфрла од 15 илјади до 150 милиони икри годишно; матицата на пчелата за три години снесува околу три милиони јајца; жабата шест илјади годишно; и човекот непотребно се расфрлува: во изливот на семето исфрлува околу 200 милиони сперматозоиди.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На природата, велеше не ѝ е важна должината на живеењето, нејзе ѝ е важно: секое суштество да остави потомство, да го продолжи својот вид, својата репродукција.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога ќе ги фрлат женките икрите во големите морски длабочини, мажјаците им стркаат млеч и потоа заедно угинуваат обезбедувајќи си потомство...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Душата на животните е тесно поврзана со нивната физичка природа; таа е сврзана со материјата и не може самостојно да постои и делува; постои само додека постои животното, зашто тоа не е духовно битие како човекот; таа не може да господари со своето тело како душата на човекот; тие не се разумни суштества и не можат да мислат; тоа својство му е дадено само на човекот; тие имаат само сетилни нагони и инстинкти; а човекот, како мисловна природа, е свесен за себе си, мисли за вечноста, за бога, за својот живот, за своите постапки, и на тој начин го обновува своето постоење; има психички живот, а животните си остануваат онакви какви што се создадени - неразумни битија; движењата им се условени од надворешни и внатрешни влијанија и нагони кои произлегуваат од физичката потреба да се одржат себе си и своето потомство; немајќи разум, немаат ни апстрактни појмови: за добро, за лошо, за вистина, за убавина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Билката за да се обнови остава зад себе семе, а ние потомство; потомство што ги носи сите наши особини.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Не остави трага по себе... Потомство...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ако организмот добие доволно ресурси тој остава потомство чии хромозоми можат да содржат и некои мутации.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За повторната средба на Дедо Мраз со Добре, најдобриот човек на светот, ќе се раскажува во приказните на сите потомства.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Беа погубени, а нивната судбина беше забележана во партиските истории, како предупредување за потомство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да не изумуваме дека некогаш, точно низ овие предели во кои раснеле и исчезнувале потомства и потомства, Орфеј минувал тука и им пеел и на среќните и на несреќните.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Но што е тоа, си помислувам, што ги охрабрувало потомствата да се откажуваат од себеси - меѓутоа да се љубат.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сега еден по еден исчезнуваме целото негово потомство... ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
А оној ден во пеперуткарникот, кога Клара, Сара и јас зборувавме за мајчинството, Сара покажа на две пеперутки кои, соединети, летаа во воздухот, зачнувајќи го своето потомство. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш човекот е најпродуктивен и најмногу твори, а плус го остварува своето потомство.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Отсекогаш бракот бил здружување на двајца за да се формира фамилија, да се осигура иднината и на децата (брачниот пар) и на фамилиите на тие деца, но и на потомството.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Борбата на Рада за потомство не престануваше. Беше убедена дека со својата упорност и верба, заедно со Томо ќе стигнат до саканата цел.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)