поткрева несв.

поткрева (несв.)

МАРА: (гледа горе и ја поткрева марамата од главата).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МИТРЕ: (оди пак го поткрева капакот од куферчето и на Мара која му застанала над главата).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Богдан ја следи возбуден, уште во неверица и сѐ појќе сѐ поткрева во креветот.
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Кога дојде софрата за ставање, Доста стана, го зеде ѓумот и леанот од под ковчег, и, ни пет ни шест, по сиот домаќински ред и адет им тури вода на рацете на машките, ја зеде софрата; а да не поткрева веднаш во ноќвите, ѝ вели на Митра, која тукушто ја извади тавата од оганот: — Дај ми а, сестрице Митро, тавата, отвори го ковчегот и клади леб на синиата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедот поп го ислуша коџабашијата и рече дека и тој одамна размислува, а кога, ете сега, тие сами го поткреваат тоа прашање, тој реши веднаш да им ја исполни желбата и да им го покаже својот наследник, на кого мисли да му го остави своето духовно стадо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сакаш да замижиш и замижуваш. Осеќаш, земјата се поткрева на прсти и ти го подметнува својот грб за да починеш.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Данче погоре го поткрева фустанот: Баш ми е гајле, ако сакат и келнерот нека го исправат овде да им запее...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа го поткрева фустанот и гази во водата така сосе налани.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А таа, сита од тешкиот здив на тој до кого лежеше, се поткреваше на лакти и зјапаше во темницата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И со крајот на окото го следеше прислужникот и кога тој се поткреваше да си оди, се стркала во неговата дланка мала сребрена пара.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нејзиниот вресок како да го стивна за миг оној ураган што му дуваше во градите, просто поткревајќи го од местото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јасно! Тој само го поткреваше капакот на тенџерето во кое се вареше јадењето.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Учителката ја поткрева главата, но којзнае што мисли и кај гледа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И кај ќе капнеше – гореше земјата. И едно столетие будеше друго и друго по нив се будеше молејќи: Ах, каде си ти сега што управуваш со ѕвездите и под нив утре што ќе се поткреваш.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Србин ги отвори очите, се подисправи поткревајќи ја капата на главата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Му рече ќефледиски поткревајќи ја искиснатата шајкача над челото: - Е уште празна кутија од боја за чевли ако ти најдам во џебот, да знаеш дека ќе ми олесни на душата, - му рече.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Изгледаше како некои невидливи огромни чудовишта да се настрвиле на нас, ја поткреваат земјата и бараат уште жртви.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И видов дојките нејзини кои светлината небеска како ѝ се поткреваа и чув Бог како ѝ довикна: Марија, веќе зора е... Така ми исчезна во сонот Во птица престорена.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Го поткрева главчето, ги дига раменцата игра со рачињата, мавта со нив во иднината. целото зацрвенето како огног во прекршениот леб, како чистата зора во згаснатите ѕвезди.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ја бара низ мислите девојката на која некогаш ѝ раскажуваше Што ќе пишува во писмото од нејзиниот младич утре што ќе ѝ го прати: На секој негов збор ѝ се надаваа, ѝ се поткреваа дојките,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Повеќе