потисне св.

потисне (св.)

Болката во зглобот беше силна но не можеше да го потисне срамот пред жената пред чии очи со зеленикави пламенчиња се чувствував бедно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тежок товар го потисна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нека ни е добра мисла и нека ни се живи дечињата да си а собереме седбичката, благотичката, ете бостанец, царевчичка, градинки, лозјенца, едвај ако можеме тиа работи да и потиснеме и еве ти го, Митровден дошол.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете сега, потстисни го за гркланчето и готово е како 'рскавец. Никој нема да те види. Ќе кажиш: така се роди — и ај ми со здравје.“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но мислата?... Та тој не сакаше вечерва да ја опијани. Да ја потисне. Да ја направи бессилна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И како е запарно овде. Врелина му ги потиснуваше градите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Полека се поткренува, ги оттргнува од себеси штиците и ситните парчиња што го потиснале.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се мешка и се потиснува тешка измаглина. - Воздух - и гласот се скршува во издивка.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само се потисна во заветот зад еден извишен клин од каменот и веќе не му беше потребно ниедно друго движење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но уште во истата ноќ долетаа студени северни ветришта и ги потиснаа кон југ послабите и изморени јужни ветрови.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Еден ненадеен, не многу силен налет на ветрот, ги разниша блиските буки, го потисна удолу чадот што пред тоа се вишеше над колибата, го зачади просторот наоколу, се вовре и во носот на момчето, донесувајќи му искрена веселост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Лели нема никогаш да ме вратиш во Мариово? — го запраша таа, држејќи му ја префрлената рака со нејзината и потиснувајки ја.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Заврти Андон и длабоко се издиши, како човек кого го потиснала несовладива грижа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Некои од луѓето со ужас зборуваа дека може земјата да пропадне на места и да нѐ потисне и нас.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сепак го потиснав тоа и реков: - Тато уште кога ти ја донесе сликата за првпат сакав да те помолам да ја ставиш кај нас во собата, но не можев тогаш да ти речам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Обата брода, сите нивни внатрешни простории, беа преполни со елементи на мебел, но дрвото, како материјал, отсуствуваше потиснато од полиуретанот, кој овде беше демонстриран со сите свои функционалности.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зар цела куќа ќе ми ја соголиш, зар сите мои рани со земја ќе ги потиснеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
О, господе, ќе ни ги урне, ќе ни ги потисне и куќите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Најдов на едно шумско полјанче остарени лисја киселец, најдов и некое јаготче, но сето тоа не можеше да го замени лебот, не можеше да ми го потисне гладот.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Се сомневам дека таа идеја ќе може да ја потисне бугарската ако остане само како чисто и голо спротивставување па затоа српската идеја би имала голема полза од еден свој сојузник кој би бил остро спротивставен на бугаризмот и кој би содржел во себе елементи што ќе можат да го привлечат народот и кои ќе му бидат блиски на неговите чувства, и кои ќе го отцепат од бугаризмот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе