потентен (прид.)
За игра љубовна потентна алатка (клуч француски, а може и секира); Во сос похуван, рапаво сетило за зборообразување и други орални задоволства - логореа како нимфоманија, вербален деликт како крвна одмазда.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Едниот - млад и потентен, полн со живот и неистрошен, со добро работно место и решено станбено прашање, а другиот - постар, сериозен, очуван, образован, страотно зафатен, непушач и антиалхохоличар и со две опашки (возрасно поколение).
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Да ослепат да даде господ, овие што нашироко рекламираат дека на пазарот е достапен целосно природен препарат за потентност за зрелите мажи (кои со своите жени одамна снеможеле и го користат „Џоле“ само за мочкање), што во прилог им оди повторно само на младите „спонзоруши“, кои од сега, освен што уживаат во имотот на своите офарбани љубовници, ќе можат и сексуално да се „упражњаваат“. Во прилог на кампањата!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)