поројница (ж.)
И како што надоаѓале пролетните поројници во свијокливото корито на Давидица, рекичка што некаде околу денот на светецот Петар е испиена преку ноќ од горештина, така ненадејно растеле и невисоките ѕидови на четириесет и трите воденици - груб камен врзан со иловица или, подоцна, со вар.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Имаме река со необично име - Луда Мара - велат, името ѝ е од тоа што кога многу врне реката надојдува, станува поројница и - луда.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Одеднаш, врз главите на верниците лисна матна река поројница.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)