поразен (прид.)
Кон неа небото лази како поразна стоногалка и воздухот почнува во лисјето да се порева.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Дете на градите на мајката Загледано во ѕидот на куќата, Девојки скриени во житата со небесни цветови во косите, Црвена светлина што се слуша отаде петровденските камбани, Светулка скаменета на отворена книга во дворот, Коњ што фрчи низ ветерот над реката, Стар часовник што бие меѓу прозорецот и ноќта, Име врежано во каменот на соседот, Бела пеперутка што се буди во тревата, Жнеачка што му шепоти на плодот во неа, Девојка што се крие во душата на темјанушката, Старец што оре со погледот по мапата на татковината, Буква скриена меѓу црешите За да не може да се соопшти зборот што е неопходен, Победници што се плашат од пепелта на поразените, Денот на нејзиното раѓање – меѓу два глужда на црешата, Непрепознатлив глас што шета низ темнината, Младичи што којзнае Од која страна на времето заминаа, Пролетен ветер што тропа врз твојата песна И ти Што сакаш да ме прашаш Уште ли живееш спроти нас, Во пустиот дом на старичката?
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
А за кого се борев, прашува, за кого и против кого, прашува, кој е поразениот, се прашува, ама одговор сега не си дава.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Други пак ќе речеа дека војводата е жив и дека некаде се крие. Не се крие од страв, туку од срам. Сите поразени се срамат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сите поразени се срамат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Семоќни волшебници со змиски очи се спогодиле да ги состават овие луѓе во мачната и тешка илјада деветстотини и дванаесетта година, во која не се знае колкав ќе е откупот на поразените ни колкава ќе е и каква награда за оние што ќе слават.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се прашувал вака ли минувал секогаш заводливецот на жени - поразен. Скоро лазејќи се повлекол од сенката под која лежел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Утрото по битката, ја затекнува глутницата што се храни со мршите на поразените, прекриени со ситен снег; глетка од прасоздавањето на светот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Времето на козите е едноставна модерна сказна каде што ступидната бирократија е најпосле поразена од навалата на белите кози кои ќе го преплават Скопје.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Имаше опасност, според нивните согледби, козите да ги зближат „спротивставените класи“: занаетчиите и работниците, приватниците и службениците, верниците и комунистите, поразените и победниците.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Задолжените партиски кадри страхуваа дури и да мислат на ова пријателство, зашто меѓу татко ми и Чанга се случуваше токму она против кое тие се бореа: поврзувањето на поразената класа и победничката класа преку козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тоа исто така е и мелем Ben Gay, кој го пронајде францускиот доктор Bengue, со сите еротски конотации што го сочинуваат тој мелем, чијшто денешен еквивалент е „Deep heat“ (голема горештина); Ben Gau се рекламира во Америка во вид на карикатура на зелено џуџе (наречено Peter Pain of all names, Петар Бол од секој вид), кое прободено во болно место отскокнува поразено, и додека малечката жена ги масира неговите болни мускули со Ben Guz мелемот, тоа вреска: „Проклетство, повторно наседнав!“
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Политичарот може да функционира само како иманенција - поразен или победник, додека уметникот го опишува случајот творејќи го својот артефакт, а мудрецот едноставно го врти грбот и си оди, сѐ му е јасно однапред, едноставно го боли и за бабуните и за политичарите и за уметникот и неговите трауми. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 26
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Татко добро знаеше дека судирите и падовите на големите империи на Балканот не биле никогаш дефинитивни, со конечни победници и поразени.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Преостануваше во татковите книги да се откријат можните правци на движењето на победниците и поразените.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во минатото, владејачките групи на сите земји, иако можеле да го утврдат заедничкиот интерес и според тоа да го ограничат уништувањето од војната, се бореле едни против други и победникот секогаш го ограбувал поразениот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Токму така: во тој миг, додека траеше доскокот, таа неочекувано ме прегрна околу вратот и одеднаш, дури, ни се допреа образите; веќе следниот миг таа ја сврте главата кон мене и погледите ни се судрија; се гледавме, нејзиното лице беше на една педа од моето; ѝ ги гледав носниците како ѝ се шират забрзано, како кај уморно коњче: и го чувствував здивот; таа гледаше во мене како да е понижена, како повторно да сака да каже: „Доби шанса, нели?“, како да е поразена, како од бес и самата да прави една безвредна блискост (тоа гушнување со рацете околу мојот врат), како да сака да каже дека блискоста ја дава таа, а не јас; дишеше забрзано, со јазикот ја квасеше долната, сува усна и одеднаш ми рече: „Слегов, можеш да ме пуштиш“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Татко ми велеше: небото не слегнува Во празни срца Сабјата не се буди во успана рака А сеќавањето е најбрз коњ Најдалеку ќе те однесе. (Зошто го кажуваше ова кога го беше загубил минатото Минатото му го развеа Киклопот на Револуцијата) Изгледа беше изумил дека изворот сончев покажува само пат кон заодот А дека ѕвездата што паѓа во фонтаните на темнината е само златно париче што некој го фрла од чардаците на мракот (Утрото сепак никогаш не заборава да слезе во одаите на ноќта) А каде тој можеше да слезе од чардакот на својата темнина И која врата потоа да ја отвори Во куќата на новото време Во домот на поразените Коњот и острата сабја Исчезнатото минато И лудата глава на Козакот Од пештерата на сеќавањето Што напати се отвора.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Во историјата, победниците побргу се заморуваат од поразените. За тоа има многу докази.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Ужасната врска на коренот говори дека не владее поразениот, но дека и победникот и поразениот имаат автобиографија на големи страдања, и секој на свој начин: секој светец има своја карактеристична брада и одежда.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)