попушти (св.)
Јас те молам попушти, оти самата чу со ушите твои кога кажа, дека ќе ја попрска куќава со гасие и ќе ја запали сосе нас.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
И само што првите двајца стапнаа врз мостот, штицата попушти, плесна силно во водата и тие се спружија во реката со целата својата должина.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
— Се дуе како „орел в торба и продолжува да се фали како е арен човек, како ќе попушти на селаните, ако се вади сноп.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На Доста ѝ попуштија болките на крстот, се поолади малку, се поиздиши длабоко и свеста ѝ се поврати.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Или Неда, ако сака веќе татко да ме жени, или никоа! — ѝ натрати тој на Бисера, а која преку бабата Манџичица му го пренесе ова „попуштање“ на Крлета.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Готово е, наеднаш попушти и сѐ му стана чудно и обично.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Зглобовите на разговорот попуштија, се разнишаја, и можеби тоа беше причина што, кога се проштеваа, таа ја заборави на стол својата свилена марама.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Грозницата попушти подоцна. Кога ги крена од очи врелите клепки, побара вода.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Оклопот на черупката можеше во секој час да попушти.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Телото стана лесно, главата претешка, некаква внатрешна арматура попушти под тежината на ножот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Касата имаше стисната челуст на мртва ѕверка. Не попушташе, остануваше тајна.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Но старецот е упорен, не попушта. - Влези, повторува повелнички.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Кваката со крцкот попушти, касата можеше да се отвори, но тој остана шпиртосан и со склопени очи; знаеше: лицето му беше влажно од несопирливи солзи.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Арматурата во нозете попушташе, клепките бабреа и ја разредуваа светлоста.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Твоево подновено интересирање ме вади од такт. Можат некој ден да ми попуштат нервите и да ја извадам на видело.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
И сите казни ги истрпува и останува ист: непомирлив, груб кон чувари и кон затвореници и попушта апсаната полека но сигурно и Џемал-ага ги заробува душите на управници и апсанџии.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тој не можеше да си позволи себеси да биде токму оној дел од сета таа спалавена и разврзана работа, што ќе попушти, што не ќе додржи до крајот, што ќе откаже.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И, ако Лидија не попуштеше, тие сигурно ќе се скараа.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Касарнската дисциплина беше попуштила, исто онака како што попуштаат обрачите на бочва од туршија, кога ќе стои на сонце.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Капетанот малку се поуми, но попушти, пристапи. Се поздрави прво со Србина.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)