поправен прид.

поправен (прид.)

- Ме потсетува на еден поодамнешен руски воспитувач и писател кој ја има напишано книгата „Педагошка поема“ за начиниот на однесување со бездомните деца во поправните домови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Нè заплашува дека ќе нè пратат во поправен дом, бевме малолетни за затвор.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Поправениот „јагуар“ спремен за возење стои во гаражата неупотребен. Таму е од октомври.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Лифтот не беше поправен. Хотелот не беше поправен по земјотресот кој го зафати Скадар.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Што се однесува до сестра му, таа можеби била сместена, како и самиот Винстон, во некоја од колониите за бездомни деца ( ги викаа Поправни центри ), кои се беа намножиле како резултат на граѓанската војна; или можеби била испратена во логорот за принудна работа заедно со мајка му, или пак на некое место за да умре.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
за маскенбалот на поголемата ќерка во училиштето за странски јазици и за разговорот со професорот по математика, што ќе ја оставел на поправен испит, а потоа и со професорот по физичко воспитание, оти бегала од часови,
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Тој човек“, реков јас, „им дал на маказарчани црква, иако сета работа околу црквата не ја финансирал тој, им ставил крст на неа, не еден, можеби два, им обезбедил камбана, учител за црковното училиште, им ископал бунар, а им го поправил и мостот каде што се денес продавниците на Маказар и кој и сега има потреба да биде поправен или да се изгради нов.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
МАТЕЈ: Луѓе сме, грешиме. (Пауза) Не ме интересира дали славините се расипани, дали славините се поправени.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Акварел Земаш вода, боја, четка ризик, многу ризик плус страст, вишок страст отаде доброто и злото еден нескротлив гест и зафаќаш со еден потег цел несогледлив амбис окно под свеста, под себеси го повлекуваш пругоре вовреното црево го вадиш од дното на сликата без право на дополнителен влог без шанса за поправен испит или прошка и го овоплотуваш змејот прекрасното чудовиште заумната фигура!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ако меѓу оригиналот и преписот на пресудата постои несогласност во поглед на некоја одлука содржана во изреката на пресудата, до странките ќе се достави поправениот препис на пресудата со назначување дека со овој препис на пресудата се заменува поранешниот препис на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во таков случај рокот за изјавување на правен лек во поглед на поправениот дел на пресудата тече од денот на доставувањето на поправениот препис на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Па така, според овој Закон, казнено- поправните и воспитно- поправните установи имаат својство на правно лице, а нивното финансирање, како единки корисници, се обезбедува преку буџетскиот корисник – Управа за извршување на санкциите (чл. 18, ст.2 од ЗИС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поправен дом во кој како мали деца учиме.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Првиот, од аспект на тоа што во меѓународното трудово право и конвенционалното право на Меѓународната организација на трудот, кај условите за работа постои одредена дихотомија при правното дефинирање, односно под оваа категорија се подразбираат оние нужни претпоставки пред отпочнување на трудово-производствениот однос кај работодавачот (работни простории, машини, алати итн.), додека под работни услови се дефинира поширок обем на екстремно важни трудово-правни институти како што се работното време, одмор или заштитата при работа, како и физичките и ментални аспекти кои ги изискува работното место, па затоа поумесно би било наместо рестриктивната формулација „услови за работа“ во иднина таа да биде заменета со „општи услови за работа“.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)