понира (несв.)
Кандински ја почитуваше апстракцијата како духовна мисија и неговите понирања во неа се развиваа на различни начини; вклучија теософија, трансцендентализам, поетика на возвишеното, совршенство на формата и почит кон материјалите.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Во татковата свест, додека слушаше, јагулата ја водеше неговата мисла, понираше во неговата потсвест со цел да ги помири противречностите што му се наложуваа помеѓу внатрешниот и надворешниот свет.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И јас, на свој начин, се обидувам да останам недоследен во моите одговори, понирајќи далеку, далеку во замислените стапици на умната Елен Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ако понира и наѕира
ако плови, ако и самата се плаши
не мами ја, и водна, и слатка
сепак е – змија!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
(напати ти се привидуваат
пештерните манастири околу
Белото, лихт луминозно езеро
- она понасевер од Делфи
и од Костур -
светилиште само по себе
облиено со внатрешен сјај
од белки на монахинка
среде коишто, во драматичен контраст
се вовира зеницата, духовниот рез);
- многу мислиш, а малку искажуваш
јазикот за тебе поскоро е молвење
од разговор, сѐ е ВНАТРЕ
и ти, и Тој, и исказанието
и дослухот меѓу вас
и предметот дури се вовлекува
во тој, невидлив за другите, Круг;
- и повеќе не правиш разлика
меѓу искреноста и вистината
со денови се повлекуваш во себе
секнуваш, понираш, остинуваш
стаписан, онемен, оти си согледал:
не е лесно да се биде искрен!;
- и повеќе не е битно дали нешто
те повикува без престан
да му припаднеш, сестро Варваро
или просто посакуваш
од дното на душата
од нејзината небесна бездна
да постоиш блажено
во согласје со себеси
и навистина повеќе ништо
друго не е суштествено
освен:
да ја бараш сопствената сенка
сѐ додека не си соѕидаш самица
а во неа си - Лице без сенка:
м-о-н-а-х!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Понирала под земја и пиштела, се тресела и се превртувала, и пак не знаела што да прави со своите води.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Длабоко понирање до дното на душата, инсинуации, неброени часови на контемплација кои не се ништо друго освен деструкција на сопствените чувства.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)