понизен прид.

понизен (прид.)

Не му отпоздравуваше на понизното веднење на лимарот Петар, дури и не го забележуваше, а пред беспризорните ги дуваше белите образи и намуртено веднеше глава.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од мене понизниот слуга твој кадија прилепски понизна молба и прочка до тебе, пресветли мој господаре и татко.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ти остана за да го преживееш понизното чувство на стравот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој е само еден понизен роб на својата ограниченост, кој зад заклоните и преправањата го крие својот страв.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И го гледам како таму во понизна положба лежи, се врти кон мене барајќи сожалување, а мене и ми е жал за него, ама и се плашам од овие луѓето што на цел глас викаат во мојата чест и слава.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Зашто, како што увидов миг подоцна, колку и да е понижувачка позицијата на тој што го спушти своето чисто колено во калта, работата само навидум е на штета на понизниот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Податен на чинки исти недостоен паднат цар, моќ сенишна круни бистри податни на палав зар кон себе ги влече блиски плен понизен возврат- дар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А јас знаев дека Лествичникот, едноокиот, зборови такви угодни пред логотетот кажа затоа што знаеше дека со еден удар две муви убива: прво, логотетот се смилостивуваше пред „понизната“ душа на Лествичникот, и наклонет му стануваше за собитијата идни, и второ, Лествичникот добро знаеше какво сподобие грозно во одајата има, од рака моја пуштено, низ клучалницата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа сакаше и со ова да го столчи, пак и пак, а сето да остане забележано и врз малечката понизна џамија која низ народот и сеќавањето ќе го носи неговото име.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Порано беше понизен како човек што од мал е научен на гордост и понизноста ја сфаќа само како добро однесување.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Чекањето го направи стрплив, не нервозен; понизен, не дрзок; прашање беше само дали среќата ќе го следи, како што често се шегачеше дубровчанецот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А мудра помиреност не е исто што и понизна потчинетост.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Раиз ништо не рече. Ме гледаше со мирните очи од кои зрачеше понизна добрина!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вечната клетва секогаш ќе те стигне Во секое време, низ животи многу Одлучи понизен да бидеш пред Свјатоме Богу И секогаш во предност пред другите ќе идеш Ќе бидеш признат, ќе бидеш свиден Ќе бидеш благословен и можеби некој иден Наш спасител, месија пратен Од народот свој по барање вратен Нови надежи да донесе во земјата ветена Неомеѓена, единствена, осветена! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Го сакаа и почитуваа Раиз, човекот со кралско име, а со понизна судбина во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дури и кога жената ќе изеде многу грав со него, или кога му е понизна или, како што велат овде, кога со неа минал низ оган и вода, дури и тогаш мажот е склон да го обземе лудило.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Погледот му е тажен и понизен како на вистински просјак.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Зар тој што имаше толку исушени откоси зад себе, за кого кружеа гласини дека е женски срцекршач, вечерва уште на втората средба прифаќа да биде понизен слуга и роб.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Авиони, возови, бродови и автобуси почнаа да ме прават меланхоличен –да си стално на пат значи да бидеш понизен, да имаш на ум дека само „транзитираш“, лебдиш некаде помеѓу, на место кое не е ни таму, ни ваму, ни тука.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Црвена сум. Од толку удари. Од толку понизни клекнувања пред тебе. Од сите твои каприци.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)