помоча св.

помоча (св.)

Да не се помочав од страв, си мислам, и ја фаќам матерката. Празна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Грчките војски останаа отсечени во Албанија, и почнаа да се враќаат ко помочани.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе го помочаш и ќе го изладиш, велам и трчам кај митралезот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Едно земање и ме помоча.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакате да нѐ вратите без камења. Помочани да излеземе пред светов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Молчевме како помочани, сѐ до Подмочани и отаде Подмочани.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ако се помоча, да простиш, тој таму, гнасотијата дотекува кај нас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)