помиреност (ж.)
Мислеше на ловот, сега сосема поинаку, за миг губејќи ја од своите мисли сета таинственост, што ја имаше до вчера во односот кон него, а нешто што се изроди во сиот тој поминат ден во него, низ онаа проклета притивнатост во сѐ, што правеше со своите раце, и што мислеше со своите мисли, нешто како негов внатрешен отпор кон таа помиреност во неговите движења, го распалуваше во оваа квечерина и го правеше наострен и здивен за уште еден обид.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Негде рапаво и луто заревеа пци, го прогонеа ли голото попче - не знаев, сакав само да останам скриен и сам, тогаш Онисифор Проказник, пред да влезат в куќа, ме повикаа и јас се покажав од сенката со помиреност на крадец за кого судбината не предвидела засолниште во пресуден час.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Наеднаш чувствувам некој вид помиреност.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во неговите очи немаше солзи; имаше некој студен гнев, некаква мразна страст, некаква помиреност со судбината и со состојбата во која се наоѓаше светот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ние, луѓето, покажуваме сѐ само кога знаеме дека никој не нѐ гледа; од таму доаѓа филозофијата на студената страст, на помиреноста со светот без очи и слепата судбина, стратегија која редовно вродува со невиден, чудесен плод кај публиката.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тагата е еден вид помиреност, блага апатија, која полека го топи снегот и дозволува да се размислува за себе и за другите.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
А мудра помиреност не е исто
што и понизна потчинетост.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Помиреност и очај, како на онаа друга слика – на која беа Мајка и Дете, само што помиреноста сега беше полна ужас, помиреноста на Исус во мигот на издивнувањето, а мајката негова, застаната до крстот беше во очај, со склопени раце, со наведната глава, со поглед слеп за сѐ пред себе, освен за болката на душата, со очи кои како да се исушиле во вдлабнатините, а на нивното место останал само очајот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Токму така направи шинтерот Ф во ноќта дотогаш непозната за него; во ноќта кога со чудна помиреност го прифати прогонството во пределот каде кучињата се плашат од луѓето-скитници; во ноќта кога сфати дека дење гулабите се сиви колку и небото, па не се гледаат, исто како да не постојат.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Баба Севда продолжи така смерно да си седи на патот, потпрена на ѕидот зад неа, со патерицата навалена крај неа, при секое поткревање на погледот тресејќи ја главата и главно со наведната глава во знак на покорност и помиреност со судбината.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Одот ѝ оставаше впечаток на помиреност со ситуацијата во која се наоѓавме и тоа подоцна сакав да го проверам, да го прочитам во нејзините очи.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)