помал (прид.)
Трите вида правописи зависат од поголемата или помалата приврзаност кон старата или кон новата состојба на еден разговорен или литературен јазик.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Штетата од него и за нас и за Турција е огромна, но пак помала отколку што можеше да биде.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
– Да, ние треба да знаеме оти од учеството на сиот “концерт” може да се очекува големо неблагозвучје, помал притисок врз Портата, отколку што може да се очекува од работите на двете најмногу заинтересирани држави.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Дошла помалата и уште од врата го затнала носот, наѕрела и си отишла.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Едно утро, тој ги повикал и му рекол на поголемиот син да се скрие в долап, а помалиот го испратил да им каже на снаите да дојдат да го видат.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Излегла таа и ѝ рекла на помалата јатрва, што е со свекорот, та се смеат.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Ана наша, што е помала, не ти излегува како годе... не пак тие.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Невозможно ситниот, скоро помал од мене лимар, танок и како од ламарина направен, штукаше мелодично а грленото јаболко смешно му скокаше.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Одамна веќе беше ја наметнал црната риза и капа, се „подвизава“ заедно со сите негови „братија во Христа“; беше најмал брат и најпослушен, после дојдоа помали од него, а тој стана „ас'л калуѓер"; ги научи сите молитви напамет, дури и тие што „лекуваа“ најтешки болести.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тој Јован Ѓуров, или како го викаа в село — Ѓуровчето, беше син на дедот Ѓура Јовановски од нашето село Витолишча, кој, за да го исхрани Јована и трите му сестри, помали од него, одеше секоја пролет во Ќесендра или Метуите на жетва, а откако ќе се вратеше оттаму продолжуваше со аргатлакот во Прилепско или Битолско Поле. Со парите што ќе ги донесе од жетва ќе купеше толку леб, колку еднаш во денот да јадат децата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Најстина сум мал, сега завлегу во седумнајсет, токо ја и ошче помали и татковци се сториа и пак ич гајле не му е, — и Крчо ја исправи главата, што му беше наведена уште од Достаната навреда.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Јуначиште бил дедото, со убави мустаќи, не помали од крила гавранови.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Слушам како умира времето... Покрај лисјето што паѓа и мразот што се фаќа за рацете до каде сум стигнал Тоа умира сѐ што се раѓа па вечно сум со него помал макар за еден чекор
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
А кога се игра, зајаче треба да биде помалиот.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
За тоа време додека Борко го следеше новото облаче, другите помали облачиња сосема исчезнале!
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
- Ти треба да бидеш зајаче! Секогаш помалиот е зајаче.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Напред одеше стариот Карче со Пандета, а по нив мајката меѓу двајцата помали синови.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- И за помали да си исчекате... - Сполајви и во вашата куќа да ви се врати... - одговараа Карчевци на многубројните поздрави и честитки...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Отпрвин тоа се бавни кругови околу Неда, но со време тие стануваат сѐ помали, додека тој не стигне до точката која е центар на кругот, веднаш зад Неда.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Како еден голем, бел петел на јужниот ветер, чиешто цвеќе беше црвено и месјато виснато; и како уште еден помал, но попргав и покавгаџиски петел со полно модропепелаво во својата кочоперност, а неговото цвеќе беше модро и настрхнато.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)