покае св.

покае (св.)

А тие кои имале грехови, пак се покајале, блазе на них! Они ќе да се со правите у рај.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Јас кога размислив подлабоко, дека вујко ти е причина за смртта на татка ми, длабоко се потресов и се покајав што така непремислено ти предложив.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тој однатре им одговараше: „покајте се, оти се приближи царството божие".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Одеднаш Трајанка изгледаше како да се покајала што му се насмевна и му сврти грб на Мартина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се сети на кикотливата русалка со топли бутини и се покаја што влезе во црната авантура.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Очите не го испуштаа живеењето на ова слабо пламенче што плаховито се виткаше, се смалуваше и наеднаш подрипнуваше како да се покајало за својата минутна слабост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
— Арно си поминаме и ние, бериќатверсан. Тука се, кај стоката на колибата — му одговори попот задоволен што му услужи на Толета и со тоа го покаја оној грев од Маргара.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога малку повеќе макнав во ова црвеникава маса, веднаш горко се покајав.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Оние што ќе се покајат, вели, безгрешно ќе појдат пред бога.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тажно беше ова силно, убаво човечиште да се гледа во таква понижувачка состојба, - веднаш се покајав што дојдов толку рано.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И пак бараат да потпишам, да се покајам затоа што не ги сакам Англичаните, не ги сакам Американците, а ми велат дека ги сакам Русите, Бугарите дека сакам на Македонците да им ја дадам Македонија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Немам кога и како да се покајам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нема и пред кој да се покаеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Покај сѐ и тоа ќе ти помогне да се вратиш од мракот кон светлината, од немирот, кон мирот во душата; од сатаната кон бога, кон спасение; нема човек безгрешен, па дури и еден ден да живеел на земјата, зашто потекнуваме од грешните Адам и Ева, како што вели Јов, но ако се покае, господ му простува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Браќа, можеле да пиштат од утроба, браќа, бидете на моја страна, другиов Онисифор ќе е ваша измама додека е жив, и само темно се гледале бедни, можеби и болни од неспиење, браќа, само за еден Онисифор има место на овој пат, судете, осудувајте, бидете со мене и не ќе се покаете, и молчеле очајни како да ќе ги остават засекогаш на тоа место своите неутешни души.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Те осудуваме на официјален затвор на овој инквизициски суд, нашиот расудувач, како благословено покајување пак ти наредуваме да ги изрекуваш во наредните три години еднаш неделно сите седум покајнички псалми и си го придржуваме правото делумно или во целина да ги промениме, дополниме или отповикаме изречените казни и покајувања.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Потоа погледна кон нестрпливиот, како да сакаше да му препорача тој да ја преземе работата, но неговиот нервозен поглед го натера да се покае.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ќе го грабнеше Ренди за рака и силно ќе го стиснаше, сакајќи да му предизвика бол, па потоа ќе се покаеше и ќе го обземеше срам.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Еве ме насилно довлечен на некакво задоцнето верско – идеолошко „покајување” за да ги трпам последиците од моите божем големи гревови, пред сѐ космополитските, надоврзани на семејните, емигрантските.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Зошто беше така? Затоа што Инквизицијата ги убиваше своите непријатели на отворено и ги убиваше додека тие сѐ уште не се беа покајале: всушност ги убиваше затоа што беа непокајливи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе