познавач м.

познавач (м.)

По една своја воздишка на грижа, челникот можел да процени дека познавачот на треви е болен и се сетил дека така исто бил црн и Симон Наконтик дури и по смртта и го побарал другиот тревар, го нашол и го прашал навистина ли од чумата или од улерата се поцрнува пред умирање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тоа време, некако со тивката побуна на селаните од намуртеното Кукулино и од Побожјане, Кучковица, Мирковци и трите осамени куќи над Јанакан, некој доселеник од Измир, Селџик-бег, по татко Турчин, по мајка Ерменец, осиромашен куц поет, запишувач и опишувач на обичаи и познавач на народи и балкански јазици, застанал на страната на ограбуваните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Полковникот Бонети ја допи чашата и се сврте кон отец Иларион: - Вие, фратре, како добар познавач на душата, ме интересира што станува со душата на животните по нивната смрт?
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Некогашниот дипломец на Цариградскиот универзитет, ја напушти кариерата во високата хиерархија на новата турска администрација со препораки од самиот Ататурк по средбата со него (за која никогаш не говореше, особено во сталинскиот период), беше префинет познавач на старотурското арапско писмо.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Фигурата на таткото, ерудит и добар познавач на балканската историја, придонесува за пробив на романескното, на имагинарното на фикцијата низ уверливото раскажување и посебно кога целосно ќе се наложи козарот Чанга, чија сирова добра смисла и приврзаност за селскиот живот ќе придонесат тој да се здобие со амблематски ореол.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Антоан Жерал, од Француската академија Признавам дека не сум голем познавач на раскажувачката уметност.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Носот го издели мирисот и се замисли над него, како добар познавач занесен со некое древно, одлежано вино.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Од сите уметнички родови филмот е идеолошки и стратегиски најоптоварен; затоа многу творци и познавачи на уметноста честопати го поставуваат деликатното прашање: колку филмот е уметност и дали воопшто е уметност или комбинација на дејности во која уметничката дејност е саме една слоевитост.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Емигрантот, сега талкач, Кабаков сега живее во Њујорк и познавач е на сите аеродроми.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Беа дојдени млади и стари познавачи на арапската османица, историчари, толкувачи на таинствените битолски кадиски записи, односно сиџили, на кои Татко им го посвети целиот живот, како нивни откривач и верен толкувач.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Брат ти, кој студираше во Англија по војната работеше во добротворната хуманитарна организација УНРРА во Тирана како одличен познавач на американскиот јазик.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Имаше меѓу нив славни риболовци и ловџии, најдобри познавачи на речиси секое катче на езерската земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Еден цел жив свет на големото Езеро и околу него, го губеше својот голем познавач, пријател и спасител.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Виктор Берар, француски научник, балканолог, добар познавач на Османската империја, блескав заштитник на македонската кауза и на борбата на Македонската револуционерна организација, смело ќе го дигне својот глас во полза на гемиџиите, величајќи ја нивната акција како херојско дело.“ ...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Орце, како добар познавач на математиката и геометријата, успеал да изврши корекција, но тоа наложило проширување на каналот, што ја зголемувало опасноста од уривање на земјиштето.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Можам искрено да Ви речам, пријателе драг, дека мноштво луѓе (познавачи, љубители, критичари, сликари и др.) со редици доаѓаа и се одушевуваа на она што сте го создале вие.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Вашиот „Автопортрет“ ги фасцинира и познавачите и лаиците.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Според видените книги повеќе можеше да се здобијам со впечатокот дека се наоѓам кај професор по француска книжевност, колега, отколку кај врвен познавач на палестинското движење и на состојбите на Блискиот Исток.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Влакното што го поврзуваше животот и смртта, негде внатре, во искрвавените гради на Раде, беше толку тенко, што во потполност ја потврдуваше дијагнозата на познавачот на шепотењата на смртта Иво од Шилиговец.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Семкари, машински инжинери, бравари и електричари станаа најголеми познавачи на архитектонски стилови.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Повеќе