позборува св.

позборува (св.)

Да гледаме да го ставиме чорбаџи Теодос со неа, да ја види, да позборува, па може да ја бендиса и да му омили.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Нема да ти идаат од Анѓелета. А и да можеме да си позборуваме уште малку куќни муабети со вујка ти.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ете, тебе ти е потребно да лапаш јаготки, а мене да си починам, да си позборувам ако има со кого.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За да му запалам свеќа да позборувам со новата куќа негова. Да го потажам. 63
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
АЈДЕ, ДОБРИ МОИ, да позборуваме малку за воздушните пушки.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Па, слези од атот, може ќе ти помине лутината ако позборуваме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе треба само да позборува првин со домаќините а потоа и со спахиите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Доближи ми се. Копнеам да те видам и да те допрам. Дојди, ќе си позборуваме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Можеби ја посоветува да си го прибере болното место со мек облак. Ајде, умна птицо, малку да си позборуваме, му реков на утот во себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
-Кој! Жената очевидно сакаше да позборува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сама во куќава, таа сепак пројавуваше извесна слобода во држењето и обноските, па не беше безинтересно ни да се позборува со неа, Тогаш, редејќи ја куќата, дури и си попеваше, нешто немислимо да е стариот дома.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Ете - извика лекарот на руски- ете уште еден со кој може да се позборува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)