пожолти (св.)
Багремите и дрвјата во градот пожолтеа и почнаа да оголуваат.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Пожолте. „Свињо“, рече со изгаснат глас.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Пченките пожолтеа. Мацковчани почнаа да ги берат и пченките.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Му ги планосува, му ги пожолтува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кога видов дека нема ништо, еда, седнав на земја, ба му ја, збирам душа, а Мисајлејца ме прашува: - Што си се острелушил така, бре Давиде, ми вели, еда, што си пожолтел ко смил во лицето?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Мустаќот на триста метри му мирисаше на расол, му пожолте како стара туршија.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Погледнуваше во лозот, погледнуваше во резултатите па пак во лозот, па пак во резултатите, менуваше бои, срцето му тупкаше, а потоа пожолтуваше, го кинеше лозот со ифрит во душата и го фрлаше весникот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Хористите, со и без маски, грабаат од кошарата и танцувајќи по ритамот на блузот, со уживање ги гризат јаболките. таа во кадата или чинот на капењето како ритуална вертикала мојата пријателка ужива во решавањето еротски криенки низ антиката гилгамеш и енгиду ахилеј и патрокло како топли браќа незаситноста на хачепсут само (за) доволноста на хиполит ноншалантно како дома си влегува во неизмерната живост на паганските олимпи го бакнува кастор во левиот полукс во десниот образ со сибила ги претресува најновите пикантерии мислев се работи за умешност научена од библиотеката од таткото универзитетски професор по математика дека едно попладне не видов како се капе како си игра со сапунот по кожата силно возбудувачки сепак наивно така црномурестата египетска божица си играла во нил со младунчето хипопотам миноската голограда девојка со острите рогови на бикот дијана со шумските извори сосема лесно можев да ја префрлам во персеполис атена картагена нинива меѓу бадемовото млеко гулабовите очи јасминовиот цвет сокот од лилјан босонога ќе стапне меѓу нив во насмевката нитрага од исклештениот грч на дојденката најскриените катчиња на висечките градини се отвораат пред неа мокра сфинга сред куќните змии ограбувачите на пирамиди светите писма лавиринтите сиот си се вжештил ми вели не е тоа секс одговарам тоа е мит и влегувам во кадата есента веќе ги пожолти градските улици или фотоапаратот како детектив
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Врбите пожолтеа и се исушија, стеблата паѓаа и од допир на прст.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И пожолте облеката, и посивеа очите, истурија облаци ладни солзи.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
По девет месеци лицето ѝ пожолте како лист пред сронување од својата гранка.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Сѐ што беше зелено на планината пожолте. Се изрони.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тој на првиот глас за доаѓањето на гостинот, се стресе, пожолте, занеме, стрча и исчезна.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Изгоре полето, пожолтеа градините. Над главите само јата гаврани грачеа и јачеа, и внесуваа страв во душите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Години-гадинки минаа
куќата откако ми ја зазедовте
тихум, но корка леб ко на срце
се најадовте, се напоивте
од лазење пожолтевте
карактерот си го изостривте
ни од крстот уплашени
ни од ѓаволот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
А Томето, наместо да им се радува, уште повеќе треска ја тресеше, гореше како оган, светлата, сјајна кожа и пожолте, а таа беше во бесознание....
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)