пожелен (прид.)
Нашата интелигенција досега не можеше да воспостави најпожелни односи помеѓу нас и другите македонски народности.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Се обидуваше да мисли на нешто убаво, се мачеше да намами пред очите некои весели слики од одминатото, сончево лето, да ја довика зелената боја на шумите и полјаните, да ги почувствува миризбите на зрелото лето, да ги долови ѕвонежите на стадата прснати по падинките, но тие толку привлечни, толку пожелни слики, само се стрелнуваат низ неговата свест, отстапувајќи им место на мрачните грижи, на тешката неизвесност.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Што беше уште почудно, Дуковци сееја и просо, чие семе одамна кај други веќе беше изгубено, па во одредени денови, на празници, жените месеа просеник, леб од просо, необично вкусен и пожелен за оној што го јадел како дете.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Од неговата желност да се трча по сѐ што лета, што бега, што тече и што не може да се задржи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Од улиците и клупските простори, па до стадионите, врвовите на Billboard-овите топ листи и екслузивните модни ревии, на кои Ралпх Лаурен-овите манекенки ги покриваат своите аргументи со широки, карирани, фланелски кошули и со вештачки изветвениот jeans, grunge е незаобиколен термин и пожелна декларација.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Терапевтите можат да се спротивстават на идејата дека тие се експерти со постојано поттикнување на индивидуите да ги проценуваат реалните ефекти на терапијата во нивните животи и односи, и самите да определат до кој степен овие ефекти се пожелни ефекти а до кој степен тоа не се.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Не претендирам дека некаква друга изложба на Бојс би била пожелна или возможна.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во поранешните времиња, класните разлики беа не само неизбежни туку и пожелни.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ако е природно исправна личност, (Во Новоговорот „ добромислач“), тој во секоја околност ќе знае без да размислува, кое верување е исправно и какво чувство е пожелно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Споредени со нивните претходници од минатите векови, тие беа помалку грабежливи, помалку наклонети кон луксуз, пожелни за гола власт и, над сѐ, посвесни за она што го прават и порешени да го скршат отпорот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Како да ти се моча, од сосема разбирливи, природни причини, но ти да изјавуваш дека од општествени причини не ти се моча; беше тоа еден вид противприроден, но затоа, општествено пожелен блуд со самиот себеси.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ја изгаси ламбата во собата, го отфрли чаршафот од снагата и го одвитка турбанот од главата, па ја навлече преку глава летната ношница; но и при слабата надворешна светлина Боге ѝ ги наѕре како низ пајажина познатите, а сепак пожелни облини.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Можеби само му мавна со рака на Симона, додека овој беше зафатен со ѕидањето, а не застана, зашто осеќаваше дека не е многу пожелен за престој кај нас.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Како да замижеш пред оваа глетка
- глето - глина - глодар
спружена гледливо и пожелно
на небето, под јазикот
небаре вино лежено
во визбите на вечноста!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Мажот е желен, жената пожелна
и така во недоглед возбудата
на раскажувањето живнува
јазикот е топол како крв
ласцивен кога бликнува
опсцен кога засирува
јагула-јазик
совршен и кога е разголен
без кошула без лушпа
како од матка изведен!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Направете грешка
на рамнодушје поучете се
од заглавјето подистајте ми се
оставете ме, преселете се
и онака кај и да сте
пожелни не сте!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Многу е битно да се напомене дека секој шо сака да пие пожелно би било дома да поседуе одредена количина расолница за да ги неутрализира негативните ефекти и мучнини кои се јавуваат после бурното пијанчење.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Проклетници е пожелен за службеници и оние што паѓаат на коленици за курви, педери и вештици за изроди и странски платеници
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Проклетници е пожелен за швалери па сѐ до кројачи на завери од робови, снобови и попови до џандари, инспектори и лопови
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Па, кога како хор ќе дојдат да те соберат тебе и тоа „три кила месо со очи“, сите во нови алишта и чевли и со поворка до автомобилот, а сето снимено и фотографирано по принцип „секој со секого и секој со сите и со бебето“, протрчуваш до аптеката во болничкиот двор и пазаруваш протект апчиња за секоја евентуалија затоа што знаеш дека во следните шест недели никаде нема да одиш освен до креветчето и до јажето за пружање пелени, бенкици и „шведски“, а нему си му пожелна како првиот ден, и дека многу бргу, веднаш по првата недела, ќе те побара под ќебето.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)