пожали (св.)
Откога го удрив, го пожалив пусти штрк, ама се стори.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
— Така „вела“, кај шо има некрстена душа иде тој „натемаго“ и носи секакви болести, како за детето, така и за мајката, — велеше Митра кога Доста се пожали оти ѝ смрди опурчакот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Ами вој палежен поас, бре! Илко, шо ал се прави, не су научена со него, ме глочка! — се пожали Доста на дебелиот појас од седум оки стари.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ако му се пожалиш на четничкиот војвода, тој веднаш за ножот - За тебе се бориме, твоја ракиичка пиеме - Ако појдеш до комесарот на другите, тој ја развлекува волчата челуст, сака да апе - Од пет ока јаболки не ќе се сотреш. Има манастирот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Низ модрината, ишарана со живо подвижно сребро, човекот го носеше својот непријател, се лизгаше, застануваше само понекогаш да определи на прав пат ли е и ѝ се пожалуваше на планинската ноќ.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Андон се саштиса. Толку му беше мило и радосно во душата што не би ја пожалил во тој миг и куќата да ја запали, само да ги види однекаде градот со кого седи сега овде.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Го сочекаа кога излезе од станот и со вештина на рибари кога ја фрлаат во вода својата мрежа го сплеткаа во долг платнен оклоп, а тој, пред да се почувствува како мумија, сфати сѐ што може да сфати здрав човек и крикна, се разбесни, пожали што не му се рацете слободни со громови да ги милува ниските чела и полните бели усни, сфати дека му е наместена игра и дека е волк в стапица.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Патрокле му се пожали на Џемал-ага.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Зошто не ја пожали нејзината чиста верба? Беше ослабен и помрачен.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ја гледаше, сета крвава, исплашена и мирна и ја пожали заради тој мир.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И наеднаш, неочекувано, тој го пожали волкот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Затоа одеа колку што личеше пополека и не можеа да се пожалат дека се измориле.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Дојде дома, ги собра нејзините алишта, ги запали и отиде кај попот Матлија да му се пожали.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Таа полека се качи кај големата кукла во стаклената витрина, да ѝ се пожали.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Иако Солун имаше многу гости на есенскиот саем, угостителството ги прими сите, ги услужи сите и ретко кој се пожалил на гостољубивоста на солунчани.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И човекот отишол во Прибилци да се пожали.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Утредента му отиде на командирот нивни и се пожали. Имало некој толмач и се разбрале.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
и еден ден се појави полковиот командир, на еден бел коњ, коњот игра, не гази на земјата, беше бил заробен од Англичаните, и кога дојде му даде команда на ротниот командир и на другите офицери да се тргнат подалеку од војниците, и тие сите се тргнаа едно двеста чекори, и полковиот командир не прашува кој каква мака има, или некоја поплака да има, и излезе еден, Ристе се викаше, а тој пак сето време само главата навалена и само зачуден, и со никого ни а, ни бе, и мајката, си мислиме, на толку молчење, сега најде да зборува, а тој ти имал мака, полкот негов ја збркал работата, а го окривиле и Ристета и го осудиле седум години затвор да лежи по завршувањето на војната, и Ристета цела недела пред тоа го учел еден адвокат од Скопје како да се пожали, го вежбал за докладот, како да се претстави и како да се поплаче и Ристе станува, јас бев часовој, вели, кога стана тоа, а имам и часовник добиено за храброст, ама јас не бев таму, кај што стана колењето и му кажува сѐ како што било,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Албанците се пожалија во Комитетот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Да не се пожали некој дека крадете...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)