подуен прид.
подуе св.

подуен (прид.)

Не, тоа воопшто не беше неговото малку подзамижано десно око, сигурно мнозина би помислиле за него дека е стаклено, бидејќи и впечатокот беше таков, но за оној што знаеше дека тука нема никакво стаклено око, провалијата на нескладот на тоа преку секоја природна мерка подуено лице изгледаше уште поголема и уште потешка за одгатнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А едно момче во бело, со некаква чудна подуеност на модрото лице од студот, оди напред пред сите, со барјачето и со белата наметка што ги даваат во црквата за таквите редови, додека тие стојат со сонати капи крај патот, сигурно враќајќи се од училиштето во тоа зимно пладне со еден силен и црвеникаво нечист одблесок на сонцето од зад валканите облаци, и засипнатиот селски поп со извиткан тенок како штичка блед нос и со проседавени валкани сиџимки нечешлана коса, спуштени по измрсените рабови на свечената одежда пее бесчувствено и колку да помине редот одвреме навреме: „Вечнаја памјат, вечнаја памјат“, затегнувајќи на секое „а“, а потоа некое од сите тие деца крај патот вели: „Дојдете“, и тие заминуваат со поворката кон гробиштата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Коњот живееше во Задругата само тоа лето. Беше нивниот најдобар задружен коњ, но некој го претера и тој пцовиса, превивајќи се брефтајќи и со подуен стомак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се колнеа, подуени и тромави, дека по туѓи сестри не погледнуваат. Селото притаено ги слушаше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И, клепаме мрзливо со очите, подуени небаре кај риба, кај жаба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поскокавме подуени од студ и од премореност - некој се фаќа за секира, некој за кол, некој за глава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Друг, пак, подуен како насмукан крлеж, јадеше сѐ до што ќе дојдеше во домовите на своите засонети граѓани, притоа испуштајќи сладострасни издишки и кркорења.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Седнаа, скрстија нозе, ѝ се насмевнаа утешно на подуената од плачење Калија, каснаа една до две леблебии и испија по чавче салеп.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А кога ќе ги растегнеш, нагоре или од страните, човечињата стануваа уште посмешни: со огромни носеви, долги точаци, растечени очи и подуени усти.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Биени од небо и земја, прескокнувајќи ги телата на убиените и ранетите, подуените мрши на мртвите говеда чии црева беа растурени на патот и ливадите и постојано придружувани од тоа ужасно викање – бегајте – ги врвевме беспаќата кои водеа кон границата со Албанија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Според пропишаните норми за оваа дејност, дундата не смееше да биде исушена, спечена, ама не и месеста, дебела, подуена како пчели да ја касале.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со косата раскубана, лицето подуено од плачење, целата свиткана, со неуредни алишта на себе.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Грицкачи со мешиња подуени од светска класика.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)