поднесе (св.)
Навистина, можеби и денеска ќе бев во првите борбени редови, но што да сторам кога не можам да ги поднесувам неправдите…
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Се разбира, „метаксас“ коњаче кое поднесува и лимунче во себе и наоко изгледа наивно чајче.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Крчо сѐ можеше да поднесе, сѐ, само овие опомени никако не сакаше да му се меткаат во умот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Јас не можам да поднесам кога ме боли.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Избегав кога го видов тоа - не можев да ја поднесам потсмешливоста на неговите пепелосани усни.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И како ќе може да ја поднесе крвта на полжавчето и како ќе ги остави очињата негови на мртва, премрзната трева, достоинствениот црн гавран да го огледува едновековниот клун во двете стаклени зеници?
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Не сакав да се плаши. Не можев да поднесам бол во туѓи очи.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
– Дали сте благословени од света Богородица, кога така го штитите името на нејзиниот премудар син, – одговори калуѓерот и го извади тефтерот од торбата и му го поднесе на поп Јакова, говорејќи му: – Ако милуваш да подариш нешто за света Богородица, запиши во него.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Затоа и сите чифчии денеска стоички го поднесуваа припекот на сонцето и чекаа да се стемни за да се вратат во своите кошарки по чифлизите и да го продолжат ропскиот живот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Видов како ѝ го поднесоа и мојот букет од бели рози.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Жртвата тоа го поднесуваше мирно и со молчење.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Борко замижа, не можејќи да ја поднесе глетката.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
О, како се измачуваа клетите преспанци. Полесно би ја поднесле тие маката, да им ги запали пашата и спепели куќите, отколку да се решат и да смислат што ум да ѝ дадат на момата...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И еве си ја поднесувам, ви се молам, да ми ја примите оставката.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Уф, тој Патрокле! Повеќе не би можел да го поднесува неговото бескрајно плеткање.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Такви луѓе среќавал и во другите затвори. И секогаш тие се едни исти: одмаздољубиви. Глигор не ги поднесуваше.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Не можам повеќе да те поднесувам.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Беше глуво сѐ наоколу, просто не можеше да се поднесува.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се извиши во ноќта како проклетство, како некоја негова глад, како тагување заради таа прогонетост, таа осаменост, беше една потиснатост, во која остануваше секогаш на дното, ја поднесуваше без секакво дробење, а сега си ја викна таа своја безизлез, тоа свое беспаќе пред уште едно стемнување.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Едно време, кога тој се потокмил да ги стори и двата последни чекора, мечката со сета преостаната сила и поднесувајќи ја сета болка на запците во својата коска, се свртела на другата страна , така што притоа коската скоро причкртала.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)