подметне (св.)
— „Море, ќе седна кај Арслан шо седеше, макар да знам и ќе се поѓупча, не само шо се посрби!“ — се заколнуваше Јован и се гледаше да му подметне нешто на Бина за да го турне од мудурскиот стол.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сакаш да замижиш и замижуваш. Осеќаш, земјата се поткрева на прсти и ти го подметнува својот грб за да починеш.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Но, уште веднаш потоа мечката пак се сврте кон него, застана сега веќе без никакво двоумење, решена да достои на својот грабеж, како и таа да знаеше дека тој во пушката има само уште два фишека, просто подметнувајќи му го своето тело за тој да ги исфрли уште нив и потоа да ја пушти на мир.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Бојан реши да ѝ ја подметне на овцата малата Снежанка.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Проедросот сечеше брзо и вешто, ја префаќаше фашата, му ја туткаше на Шишмана в раце и пак го подметнуваше ножот, подавајќи ја раката како да ќе му го брцне одоздола в стомав.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
- Тогаш поинаку, - рече Бојан па повторно ја фати овцата, ја опчекори, ѝ го стегна вратот со колениците и ја подметна нежната, изгладнета Снежанка да цица.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Србин, онаков сув и висок, стоеше како светец, а Шишман се преместуваше од едната нога на другата постојано подметнувајќи го увото пред Србина како да чека овој нешто да му каже во доверба.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Најубавите деца сами си ги јадеме или ги подметнуваме во туѓа служба, како кукавицата своите јајца во туѓите гнезда.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И токму кога сакав да го прашам Абрам каде и кога ќе разговараме насамо, забележав дека Мечка, божем случајно, му ја подметна ногата на Влатко-Цвик, кого што ние понекогаш го викаме и Окомен, а нему тоа му се допаѓа, зашто му личи на Супермен.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Зошто и јас да не го признаам, но проблемот е во тоа што тој мене нешто друго ми подметнува.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Не морам на тоа да мислам сега додека имам сексуален однос со жената, но каде најде тоа да се подметне сега додека јас на умирање лежам во својата смртна постела.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Згрозен од тоа, јас наместо да му го подметнам газот на лизуркото, го ритнав.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Човекот избезумено почна да се загледува во лицата на другите затвореници, како да се надева дека ќе може да подметне некоја друга жртва на свое место.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Бабата Петра во себе го побара Костадина, да беше тука ќе ги поземеше внучињата, а богами ќе го подметнеше и својот грб за да ја симне од вагонот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
На почетокот бев среќен што го имам поголемиот дел од одајчето за себе иако секој ден навечер морав да ја метам косата и со мокра крпа да ги бришам штиците, а потоа да ја постелам рогозината врз сѐ уште мокрите штици, да подметнувам еден крпарник врз неа и со ист таков да се покривам во ноќите.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Мора да подметне некое друго човечко суштество, тело на некое друго човечко суштество, меѓу себе и стаорците.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Го прогонивме Јан од тој свет, но остана мачното чувство дека ни недостига, оти со него бевме блиски; бракот меѓу Земанек и мене дојде како еден вид алиби дека тој свет е сепак реален: дека во тој свет на партиските состаноци, на маскирањата и лагите, на подметнувањата и притисоците, сепак имало и нешто човечко: љубов, здрава, нормална, телесна, духовна, дека од таа љубов ете, се раѓаат и деца.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А Рајна не престанува да нагаѓа: „Или, тој лично, му ја подметнал жена си. Онака, најбесрамно.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Малку ќе се навали наназад, ги погледнува преку мевот, а потоа им го подметнува врвот од чевелот под слабините и со него внимателно ги чеша. Но не молчи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Доушникот некој го излажал или намерно му подметнал погрешна информација.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)