подмачка св.

подмачка (св.)

Ти одиш секојпат на пазар, па мораш малку да ја подмачкаш колата да не чкрта.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
а кога ќе излезеш на горниот крај од планината, долу веќе нова шума пролистала, млада младица, кревка, марула, други ластари се подале и ти само се преместуваш и пак јадеш, само по една широка бука за сенка си оставаш, и јас не сакам така да мислам, вели Стеван Докуз ама нешто ме тера, којзнае во која длабина е скриено тоа што ме тера, дали некаде во мевот, или уште подалеку и подлабоко, а јадењето не е еднаш и не е за еднаш, кога би можело да се најадеш само еднаш и тоа цел живот да ти држи, сто години да не мислиш за јадење, само си работиш, ама зошто да работиш тогаш, си мислам, што ќе правиш со сработеното, ќе се чешкаш, ќе се чешлаш, и зошто ќе ти служи устата, зар само за да ја поганиш, и таа треба со нешто да се подмачкува, да се проветрува, ќе ти скапат забите од неџвакање, од неработа, ќе ти фати пајажина, вели Стеван Докуз и џвака некое чкорче, го толчи, го цеди, а јадењето никогаш не му се познава, никаде да му се види јадењето, дали нешто во него му го јадеше, дали за два-тројца јадеше или му го земаше некој црвец, некој скриен молец во него или некоја друга заседната болест,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги чистиме, ги подмачкуваме и ги завиткуваме во мушами, во чаршафи, во што ќе ти се најде...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наредните денови по доаѓањето, Богдан започна да ја средува куќата, да ја чисти, да го брише правот и пајажината, да ги брише црнилата на прозорците за да влезе светлина, да ја осветли мрачноста внатре; го истружи подот и им го врати на штиците изгубениот изглед и сјај; ги вароса ѕидовите на собата и внесе свеж здив; го измачка со малтер ѕидот кај водарникот што го изела влагата; ги ископа оние влажни, позеленети флеки на некои места на ѕидовите што не ги покриваше и обелуваше варта и кои му личеа и го потсетуваа на земјата што ја врвел и повторно ги малтериса и вароса; ја подмачка вратата да не чкрипат резињата, ги дотера прозорците да се отвораат и затвораат; ги поправи федерите на креветот да не пропаѓаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но, елените не разговараат со играчки, особено кога се мамурни, а играчките почнуваа да се жалат – ту како некоја си ја шинала ногата или го исчашила колкот, како си ја потстругнала главата, или ѝ побегнало тркалото, приколката, па ти бара клуч, шрафцигер, ту ќе ти побара да ја подмачкаш со ова или она, небаре така ќе и престанат бодежите во слабината...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Од пазувата измолкнува револвер со тапан, малку рѓосан, ама и веќе очистен, подмачкан.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Небото имаше потопла сина боја од кога било таа година и одеднаш долгата вечер исполнета со врева во Центарот, здодевните, исцрпувачки игри, предавањата, врескавото другарство подмачкано со џин, му се сторија неподносливи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еднаш намина и глумецот Бил Мареј, дебело подмачкан. Ни подели секому по дваесет долари и исчезна во непознат правец.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
АЦО: Дадовме камион на генерален ремонт и плативме за генерален ремонт, а само е подмачкан и сменети се кариките.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Но, точно, како можеше да го погодиш и тоа дека на последниот преглед на крвта ми беа најдени толку многу триглицериди што би можело да подмачкаат и зглобови на сканија.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
А што е тој, кој ја произвел, тој, кој ја пакува, тој кој ја чува добро подмачкана, тој кој издава наредби?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)