подлец м.

подлец (м.)

И нека е проколнат и за навек омрзнат и казнет оној што се одродил од народот, секој подлец што предавнички му пришол и му служел на непријателот и го оцрнил името на борбата и слободата што еден ден ќе грејне над целата наша земја ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ах, - рече со болка, - како нож да го удрил в коска, ах, тој гад, тој подлец!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нели такво нешто прават подлеци, кој се осмелува од гладни деца да скуси, од нивниот касај да дрпне?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Таму ти е сиот ум, - тој ти вели, сонце, зрак, или ангел, враг, а ти си мислиш, пекол, мрак, арамија, подлец, крадец, од тебе ќе учам ука, така не било, ако сакал цел живот неук и слеп да останам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во едно друго писмо (ова е напишано од Бугарин) вака ни пишуваат: „Едночудо празноглавци, глупаци и подлеци се зафатиле да посеат раздор меѓу јужните славјани и да им угодат на нашите заеднички непријатели; но нивните напори ќе останат јалови зашто честите и здравомислешти мажи се смеат над исторските шарлатанства на архимандритот Пелагиќ и над „ереминиот плач“ на неодамна починатото многублажено „Право“.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Подлец си... Скришум пушиш! - си зборував.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
По градот - можеби на два чекора од нас - шета слободно подлецот, кој се заколнал дека ќе ја убие вашата ќерка, а кај нас во семејството владее такво спокојство, кај нас се пишува за лебеди, кај нас машината за пишување чука ли чука...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Подлец! Никаквец! Мрза! Сѐ!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Убедена сум дека нигде нема такви подлеци, како што ги има меѓу непрактичните луѓе.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој подлец изгледа го имаше веќе здогледано наближувањето на непријатностите па сепак, во огледалото, со чудна ноншалантност си го бришеше со белата мека крпа измазнетото лице , а потоа не го прескокна и она долго размачкување на помадата по образите и по челото без да стори ниту еден неприличен гест, или барем да побрза и да ми се тргне од пред очи, како што постапуваше многу често.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Многупати другарував со ГРЕВОТ со тој бесрамник и подлец знаеше да ме излаже често а јас да му верувам слепо
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Уништи ја Господе нивната бесрамност измери ги нивните гревови тешки царуваат подлеци со својата глупост доблесните страдаат од нивните грешки
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)