подзине св.

подзине (св.)

А кога доцна вечерта со тажно мјаукање ја подаде главата – сите подзинаа: ама, ова ли е Фигаро?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Почнаа да се ѕверат низ честарот, погледнувајќи ги своите другари лево и десно, а селанецот го забележа Белчета во букашот, си ја поткаса долната муцка и подзина да викне, но во тој момент Толевци изрипаја од карпите со страшен натприроден вик и ги фрлија готовите бомби кон групите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сонцето како течно злато се разлеваше по водата, блескаше, ги опсенуваше очите; Висар тешко се приспособуваше кон таа силна светлина; од шумот на веслата дивите патки пркнуваа пред нив и се преселуваа понастрана барајќи мир и спокојство; Висар му го вртеше грбот на сонцето и ѕиркаше во водата која ги менуваше боите спрема длабочината на езерото и гледаше во јадиците и канџите што ги спушташе Трајан; кога ќе се занишаше конецот, Трајан го креваше нагоре, го собираше и му даваше знак на Висар дека е фатена риба; Висар трепереше од радост и ѕиркаше во водата да ја види рибата; кога рибата, влечена нагоре, ќе дојдеше во погорните води, ќе почнеше да разлетува и да шета дè ваму дè таму, правејќи секавични движења и обидувајќи се да го скине конецот; но колку што конецот се собираше и ја доближуваше до чунот, таа сè понемоќна стануваше, ги скротуваше своите напнувања, чувствувајќи болка од јадиците и канџите во устата; тогаш Трајан отсечно ја тргнуваше нагоре, а Висар го потклаваше оршето под неа и ја внесуваа во чамецот; потоа го проверуваа другиот конец и почнуваа да го тргаат и собираат; рибите скокаа во чамецот, пласкаа со опашките, подзинуваа по воздух, а потоа се отпуштаа и се смируваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Уште ми шавнува нивното подзинување и нивното замалено викање: лепче, лепче!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Неговиот пат е широк и непреградлив, ми вели, и прудолен и сложен, ми вели, туку ајде пченкава подзинува, ми вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го исправи пред очите, дува во него и чита, подзинува со устата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Понекогаш се случува да станува ноќе и да шета во сон... Управникот подзина, се стипсоса.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Пред мене роди чинела машко, а тоа ќе се расплаче и ќе подзине. Па после, роди женско.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Подзина, се прекрсти во мислите. Господи, без глас шепотеше. Господи, претешко е подбивањето за моиве плешки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Подзинува и уште си кажува нешто. 23.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се фаќа за очи, за мев, си ја затвора раната и подзинува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш дојде со големи чекори од зад куќата див човек а со шепа држеше шепа на голо, збрчкано, пискотливо чудо: ситно и бушаво старче на долги гаќи, босо и со раменици на кои не можеше да се потпре ни петгодишно дете: на изгребаното лице со ретка брада подзинуваше и се склопуваше на рибји начин празна уста. Падна на коленици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јаков Иконописец за миг подзинал од неочекуваното прашање. Каква стапица му готви Онисифор Проказник?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На пет педи од сенката под која му се криев на сонцето, сив гуштер подзинуваше и пак ја затвораше устата. Пееше ли и што пееше?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Што си подзинал. Ти велам вистина е - и баба ми зборува со цвеќињата - па затоа најубаво ѝ цутат.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во тој миг се крена и се подистрани капакот од ковчегот и со тресок падна покрај колата. Попот и коларот подзинаа од чудо и се скочанија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Подзинал како дете што се зазјапало под маса.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)