подземен (прид.)
Копав без волја и размислував што убаво нашол Кузман во подземниот живот. Но копав.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Сакав да им кажам дека светот ќе биде обеспокоен од писмата на фантомите од подземниот град но на Кузмана му се заколнав дека ќе молчам и јас молчев.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Во Скопје нема подземни одаи, реков.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Сега е само беспредметен предмет, сенка на својот подземен полк.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Нека се зберат сите орли над мојава пепел да вијат ќе ги нахранам за сетно а потем сите беспатја на нивните крилја нека расцутат дива подземна рика нека ги храбри: најхрабриот од вас исколвете го жив на топла крв да ја посадите мојата пепел да заврзе нешто што ќе го поткрене небото горе да има кај да се умре илјадна не стигам!
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Се беше суво: и тревата и нејзиното шушкање и нејзиниот мирис... И нејзината подземна крв.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Знам еден подземен излез на брегот, далеку под ридот, среде карпи, маслинови дрвја и кипариси.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А во мозокот думкаа подземни тапани и го прободуваа писоци на зурли.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Веќе си голем и треба да знаеш. Мораме да ископаме подземна скривница.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Долгите ходници на подземниот мравкин град ечеа од возбудени извици.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
13. НОВ БУНАР КОПАЈ, ВО СТАРИОТ НЕ ПЛУКАЈ - зашто и водите подземни скршнуваат патем, не се знае на каков истек ќе наидеш тука - еднипати свеж и бистар, другипати матен...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Што признава оваа непрепознатлива пештера со подземни сонца, Овие пеперутки веќе што не распознаваат светлина, Што сака да каже мирисот на ова осамено стебло што гние?
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Луѓето купуваа, носеа пакети, се буткаа, трчаа кон подземната железница...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Не сум знаела дека овде имало и подземни возови...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Компирот, гравот и доматите ги нападна онаа жолта треска, самовилска коса на подземна јуда чии влакна спирално се обвиваат околу секакви стеблики и со свои шмукалки им ги цицаат соковите.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Го држам на калач детето и се пробивам низ подземниот тунел кон перонот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Какви биле тие девојки што се треселе над ова пузе-маже? И подземните јуди ќе се исплашат од него. ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Слушаше само тих, подземен шум и се чудеше: од кај ли доаѓа?
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
На зајдисонце започнуваше руменилото да избива од него, како подземни вулкани, да се шири и да ја бојадисува пурпурно целата вода; птиците ги зафаќа немир, кричат и во јата трчаат по сонцето кое им бега зад планинските врвови; потпалено езерото, блескоти и фрла алови отсјаји в очи.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)