подзастане св.

подзастане (св.)

САВЕТКА: (кинисува и подзастанува). Како врева на улица не ти се слуша ли?...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Баждар позастана и љубопитно се наведна напред, кон чиракот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Подзастана малку. Ја завлече едната рака длабоко во џеб и чудно ја издолжи главата; можеше да ме клукне.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во меѓувреме на скалите се појави жена му со запалена борина в раце, таму подзастана чувајќи го пламенот од ветерот и кога го смири, ја крена борината над глава да види што станува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Овие го преминаа мостот, позастанаа на спротивниот крај, поразгледаа, наслушнаа та пак еден од прејдените викна:Теслуке јок кардашлар – сербес ѓеч”.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Направи чекор, застана. Уште еден чекор. Подзастана. И пак продолжи. Колебливо. Смалаксано.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Глигор ги забрза чекорите. Другиот подзастана изненаден и загледан во јакиот врат на Глигора. Потоа се изгуби во мешаницата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој веднаш се поиздвои од чуварот и, здиплувајќи го челото, подзастана до Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Широко ја отвори вратничката, што беше натрупана високо со снегот однадвор и не мораше да се оддалечува многу за да подзастане и да гледа како мочката пробива црвеникава инкаста дупка во снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само кога ќе подзастанеше еден миг, со виснати раце и со две капки пот над веѓите, можеше да погледне на сето тоа, но уште веднаш потоа сѐ исчезнуваше, оставајќи го целото негово суштествување само за да може да ја дочуе и најнезабележливата промена во писокот на неговата пила, додека таа саскаше низ некој глужд во трупецот под себе, за сето време чувајќи го на дофат малото кутивче со подмас, со кое поминуваше по сите зглобови и по сите колена на механизмот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Шишман подстанувајќи го поткрена капакот и го внесе лицето во тенџерето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Што да чинам- нема, - уште невлезена рече Котевица и кога го виде Методија подзастана.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се приближуваа кон оревот кога одеднаш Шишман подзастана: - Абе, - рече длабоко и зборот зататни како да се наоѓаат во некоја голема бочва.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Некаде подзастануваш нешто да купиш, некаде просто зјапаш и слушаш испомешани дијалози, викања до небото, се втопуваш во средината, која толку многу внесува, та не чувствуваш дека си станал дел од неа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ацо, постариот сопатник, кој во селото оставил големо семејство, додека го ставаше преостанатото јадење од појадокот во торбите и кутиите, сепак малку подзастана и, некако повеќе за себе, рече: „Зар мислиш дека ми е арно таму каде што сум?
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Аритон Јаковлески малку како да позастана, како да не разбра, некако неодредено погледот му залута по салата, а потоа се закова на оној ѕид каде што висеше домскиот часовник.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Мајка му еден ден ќе ме забележи Трпо шоферот, ќе подзастане и ќе ме земе...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Магарето подзастана под мостот. Всушност со оглавот се запна за едно железо што стрчеше од дното.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Па и после, ако подзастане возот, пак ми се чини дека поради мене застанува. Се ребрам да не ме слезат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чини подзаврти го и подзастани.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе