подеднакво прил.

подеднакво (прил.)

А тој таа можност ја нема. уште како малечок се сврза со црниот живот на мајка си и заедно со неа подеднакво го почувствувал и го споделувал навредливиот бич на сѐ она нечовечко и зајадливо спрема нив.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Сите ли подеднакво ти се допаѓаат? - ме потпраша мајка ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога листот паѓа сам сеедно во која доба, во кој час ПАЃА подеднакво и исто Просто паѓа без вид без мисла и сон.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
И еве, Луан Старова, македонски државјанин од албанско потекло, е вистинскиот претставник на балканскиот соживот и на балканската отвореност, човекот кој во текот на целиот свој живот го инкарнира балканското братство без каква и да е етничка затвореност, спротивставувајќи им се на ексцесите на идеолошката апстракција, подеднакво спротивставен на изнасиленото етничко и религиозното однесување.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Меѓу земјата и небото; навистина не можеше да се фиксира нивното место, подеднакво им припаѓаа и на небото и на земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Подеднакво е сигурно дека повеќето ќе ги сметаат за најконтраверзни.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Подеднакво е погубна и наркоманската деморализираност која ги спречува најсиромашните слоеви во Америка да се придвижат и­ да се потрудат да ги подобрат условите во кои живеат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Во името на Земјината Влада ова го прогласувам за марсовска територија, што ќе им биде подеднакво поделена на зачленетите нации.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Еднаквоста“ често беше утврдена со уставот и беше вистинска идеологија на државниот социјализам, а за жените тоа значеше нивно подеднакво учество во платената работна сила.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Секој комплексен компјутерски модел би имал повеќе нивоа на таква дескрипција, сите подеднакво валидни.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Подеднакво пречи и недостатокот на слух што го пројавувам во повеќето дијалози, особено при крајот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Подеднакво ги мешаат и историските времиња: епските песни со фантомите на непризнаените кралеви, овие пак со црвените комунистички ѕвезди, гуслите со борбените труби, трубите со топовските цевки.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Аналогно на тоа, релативно лесно е да се предочи еден свет со еднаква плата за еднаква работа, со подеднакво споделени домашни одговорности, со исто толку жени колку и мажи во позиција на моќ, и др., и да се согледаат присутните нееднаквости како неподносливи за нашироко споделените интуиции за тоа што е право и правда.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Помислата на тоа дека ќе бидам на некое друго место подеднакво е неподнослива.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сосема е сеедно дали сум таму или овде, стравот е подеднакво силен, ужасот ме обвива како пајажина.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Музејот на современа уметност од Њујорк беше подеднакво дарежлив во своите позајмици; иако одби да учествува со делото „Да се гледа одблиску, со едно око, скоро цел час“ (1918), детална студија на стакло за еден дел од “Големото стакло” (дело кое како и „Големото стакло“ е многу осетливо и кршливо), музејот се согласи да ја позајми својата голема моторизирана конструкција од 1925, „Ротирачка хемисфера (прецизна оптика)“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
XVIII. Им забрануваме на сите наши поданици, без оглед на нивната положба или професија, со сила или заведување против волјата на родителите да ги одведат децата од оваа вера и да ги крстат или да ги потврдат во католичка, апостолска или римска Црква; подеднакво важи и за припадниците на споменатата Црква, што се прогласува за реформирана, за сите се предвидени егземпларни казни. (...)
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас сум во постојана состојба на очај. Сѐ боли подеднакво.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Онианс укажува дека истите хармонија, број и ред коишто можат да се најдат во старогрчката математика ги одредуваат и уметноста, музиката и архитектурата, подеднакво како што ја регулираат и старогрчката воена фаланга; впрочем, и „Хесиод, во Теогонијата, ја прогласува Хармонија за ќерка на Арес, богот на војната“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Која било стара крпеница или партал би послужиле подеднакво добро.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Повеќе