подгризне (св.)
Претседателот нервозно си ги подгризнува мустаќите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Коњите сега ослободени од каскањата и затегањата на уздите или удирање по мевот од петиците на полковниците - започнаа веднаш да прават немирлаци меѓу себе: да се душкаат со муцките, да се подгризнуваат за вратовите или да се потчукнуваат со колковите што прислужникот едвај ги врза.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Рада само го потврди своето доаѓање. По спуштањето на слушалката, си ја подгризна устата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)