подбере св.

подбере (св.)

Одела што одела гемијата по правиот пат и по некој ден свртел еден противен ветар многу силен, та кога ја подбрал гемијата по морската ширина, летала како некоја црпка по талазите што биле по морето.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Инаку, сега ќе викнам заптии, па кога ќе ве подберат...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Бегајте, инаку ќе ве подберам та ни едно ковче не ќе ви остане цело.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А Митре нека ги подбере магарињата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Нејзин говор и додека длаби и во најдебелиот трупец, и додека го делка некој кежаво изврзан глужд, притоа само со звукот кажувајќи сѐ за длабината на дрвото, но за сето време постојано со она спокојство и сигурност, без да се промени ни една жиличка од ткаеницата на нејзините до невидливост незауздани движења, тоа ритмичко полетување нагоре и плискање надолу, докрајчувајќи го секој глужд, токму на ова место, каде што го подбрала пред себе, неотстапувајќи ни за милиметар в страна од своето цврсто сновење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наеднаш неколку жени излетаа со стапови и нѐ подбраа налутено: - Кучиња!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Извади во едно паниче сирење, па седна крај разгореното огниште, и не чекајќи ни малку да остинат, ги подбра компирите и не ги остави додека не се наполни до гуша.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога го разбраа тоа луѓето, го подбраа со стапови и го претепаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ќе подугаснеш малку и пак почнуваш да прашиш. Ја подберуваш нивата пред себеси и ја поштиш покрај секое коренче од пченката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама и тоа не траеше долго. Болеста пак се врати, пак нѐ подбра.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Денот се наголеми и сонцето го раскваси, го подбра кон реката. Селото излезе, слезе во полето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А во малоазиската, кога нѐ подбраа Турците, море какво пеење...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Триесет и осмата ме подбраа и дури четириесет и седмата се видовме.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сега ќе ме подберат, ќе ме соберат, си велам и се готвам да си ги голтам забите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ме подбра и со раце и со нозе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Рикна тој, се окати: ја пушти тетка и ме подбра мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да сакал да го развлече разговорот во исчекување дека можеби ќе дојдат селаните и ќе ги подберат жените пред себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но ако го подбереш со клоца, ќе се скрие зад некое ќоше и отпосле вреска.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Народот го подбраа, го собраа, го обраа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мисли некој ќе му се уплаши. Ама кај мене нема пет-шест. Кога го подбрав - се счудоневиде.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Повеќе