поговорка (ж.)
Кога Бугарија со шум сакаше да го реши македонското прашање, водена за носот од македонската емиграција, Србија тихо, со голем успех работеше во Македонија наполно согласно со српската поговорка: „Тиха вода брег рони”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
ПАНДЕ: Така е, сето тоа што го зборуваш е убаво, само, една наша стара поговорка вели: „Додека не скокнеш не вели — оппа!“
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
РИСТАЌИ: Има една поговорка; „Него в село не го оставаат да влезе, а тој се смушнал кај попот дома и ја бара поповата ќерка“.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Затоа попот си се фати за народната поговорка: „кого туѓа вошка не го полази — не може да сети јадеж“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но кога работи ѓаволот – што ќе прави господ – вели народната поговорка.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
— Кој знае! — се чуди Крсте и ја врти главата, ама и него го поколеба народната поговорка.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И се собраа. „Кај сила — нема правина“ вели народната поговорка.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ела зло, без тебе полошо, вели нашата поговорка. Бели пари за црни дни...
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И додека ги минувавме овие заснежени и замрзнати патишта, на ум ми идеше онаа наша поговорка - Пред Божиќ ... и си велев - нели ќе беше подобро да се седи дома, отколку да се талка по овие завеани европски патишта.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
ПОСТОИ една поговорка кај нашиот народ, која вели: „Пред Божиќ - зад Божиќ - дома да си!“
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Има една народна поговорка, со која народот многу точно ги обележил, ги окарактеризирал фалбаџиите: „Празна каца далеку ечи.“
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Па така, немаме животна ситуација за која во вид на поговорка не ќе најдеме и соодветна народна поука.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Има една многу убава народна поговорка што ни го вели истото: „Денешната работа не оставај ја за утре“.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
„Пес кој не знае да лае, сам го втерува волкот в трло“ вели една народна поговорка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Им велеше: Има една латинска поговорка која вели: ”In metu, ocali Laxaht et cor premit” (Во страв очите се шират, а срцето собира).
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И така, ако човек со поголемо внимание ја проследи работата на јужнославјанските апостоли ќе се увери дека односнава поговорка има филозофско значење.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Има една латинска поговорка, - рече таа, - која гласи: „De gustibus non diskutabant“, а значи: „За вкусовите не се дискутира“.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Знам една поговорка која вели: „Во сите јазици има зборови со двосмислено значење.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Како направил и што направил не знам, ама сега веќе мојот народ ни верува ни ја применува поговорката: Да му цркне козата на комшијата.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Кој знае зошто, иако веднаш потоа стана јасно, се сеќавам на народната поговорка дека ведната глава сабја не сече.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)