повисок прид.

повисок (прид.)

— Како саморазвивање на самите поими, како логичко раздвојување на единственото, како повторно воспоставување на неговите спротивни страни, појави, особености, итн. — но не како воспоставување на старото единство, туку како нешто ново и на повисок степен подигнато.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Во новонастанатите општествени спротивности Хегел не ги забележува нужните услови за понатамошниот дијалектички развој на општеството, туку противречувајќи си наполно на своето учење за сеопштото движење и незадржливиот развој, најдобриот општествен поредок го наоѓа во статичната пруска монархија, во која, според него, нема спротивности, па спрема тоа ни услови за развој во понатамошен, повисок општествен облик.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Беше од него повисок со цела глава.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Јас така размислувам, кога тој се исправи и - што да видам? Да не ве излажам, ама уште колку за цела глава повисок од писарот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Бев веќе повисок од него, имав страшно ива и бушава коса и силни стиснати тупаници.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Секој изгледаше повисок од елите на Свињарникот, подебел од Малчевиот орев, појак од илјадници аскери и забити.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стојан се исправи и застанува крај огнот. Повисок е отколку кога чекори.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Богословот се врати насмеан и повисок. Со своето враќање го врати и него од неговиот свет.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тече оваа река по твоите натколеници нагоре и ако некојпат останеш без небо ќе израсне мостот повисоко од сите векови и пепелта твоја да ти се поклонува.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
И луди ветришта само пеплишта носеа ги трупаа едно над друго едно до друго од сите векови повисоко ридови израсна камен гол црн камен.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Отец Симеон беше сигурен дека е повисок од Мирона за неколку пршлени во `рбетот. Се спријатели со браќата Крловец од здодевност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Мислев дека ќе е поарно....“ Шепотот на повисоката сенка стана поврел.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Некако полека, несетно ѕвездите како да побегнаа повисоко. Небото доби бела, светла боја.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Иако беше двапати покрупен и повисок од Велета, тој се поттргна и отстапи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На балконите од повисоките згради висеа како гроздови сеирџии и во темните рамки од прозорците се лулаа подадени глави, зафатени од спојот на непреодлива љубопитност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- За мене жената секогаш е оличување на нешто повисоко... - Не постои духовна без физичка потреба.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој седеше повисоко од другите и со показалецот го сечеше воздухот во сите правци, но секогаш кон одредено лице од кругот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Стоеја и зборуваа нешто, повисоки од сите околни дрвја и од сите далечни планини, луѓе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој беше повисок од таа здиплена наполно старичка, онака сува и вдовички свитката у две губи, таа појде кај Башмајсторот, нешто зборуваше таму, Башмајсторот само климна неколку пати со главата, загледан во орото, а Змејко тогаш можеше да го чуе оној глас на старичката, тој глас од тажаленките во летните приквечерини, кога рече таа: „Чувај ми го, мајке, добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој се влеваше во дебелата бука, забиена во темелот на горниот ѕид на пиланата како огромен лост, со горниот дел повисок од покривот, исто како некој шумски џин да сакал со тој лост да ја откорне и да ја преврти ничкум нивната пилана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе