плеќи само мн.

плеќи (само мн.)

Гледам, денеска од изутрина ме потерало... Ти се молам, Арсене, види на плеќиве...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Само летно време, играјќи брканица, децата се криеја во неа, а наесен немирникот – ветер кога ќе зашумеше во оголените гранки на тополите, и ги кубеше сламените старечки плеќи, се напињаше да ја одвее, но Аврамовата колиба зачудо долго време се додржа и остана сред бавчите како спомен на страшниот полјак со големи обесени мустаќи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Легна под Малчевиот орев на плеќи, ги фрли очите во широките лисја на оревот и побара едно прозорче преку кое погледот му изби.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Барем да сум само една ноќ едно кубе на нејните плеќи!
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Напред колоната јаваше на зелен арапски коњ прилепскиот кадија и беглер-беј Арслан ефендија, средновечен човек на 40-45 години, строен Турчин, со одвај пробелени брада и коса, живи големи црни очи, долги засукани мустаќи, широко чело и плеќи, малку покус врат, добро угоен, богато облечен по ориенталски, со голем турбан на главата и сребрени пиштоли за појасот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Прво распаќе: По овој пат, внук внука ќе води векови. Рамнинава од плеќи планина ќе ја престориш од планина Непреод да протече.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Во алиштата искинати – испарталавени, речиси голи, со изгорени градници и плеќи, неизбричени, нестрижени, разбушавени, неизмиени, испиени во лицата, пропаднати во очите, бетер и од најслабата крава или магаре.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Земјо - за земја плеќи нагоре!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Што стана? – со треперлив глас го праша кадијата Јунуса не отпоздравувајќи го и не слушајќи ги поздравите од Рифата и забитот, што влегоа по него. – Готови се кади ефенди, готови! – Готови? – радосно викна кадијата и се стрча кон Јунуса, го прегрна, го избакна и почна да го тапка по плеќи: – Бравос, бре синко Јунусе, бравос!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога ќе узрее од онаа страна пак ќе пристигнат дождовите и земјата ќе не замоли да ѝ ги отстапиме. Земи ги, ќе речеме, земи ги, и дождовите се твои и плеќите наши ќе бидат твои па утре на помеко ќе си ги оставиме.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Плеќите ми се прешироки за студеното трико на земјата. „Мануш„, не издржа бессилно да ја удави со ракија маката. „Спреми се за акција. Ќе се движиме по азимут.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Темнокожите смолари, со кои работеше и со кои живееше, имаа влажни плеќи и модри заби; се собираа околу него и молчеа нејаки да го разберат крвавото зло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Авторот „Долу по полено, по врабацине, до срцево Сѐ е така и ноќ и нож в плеќи забиен Не ме уплашија векови со нож од туѓа рака Ме плаши час од рака своја в плеќи“.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тој одново се зафати да ја прогонува смртната ладнина во телото на својот другар. Запарност му лежеше на плеќите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Рацете му се стегнати и врзани, така што лактите му допираат под плеќи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Едниот е со широкополна сламена шапка, која се дига еден лакот над црната шапка на другиот, дебеличок, со пасторска наметка врз плеќите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На плеќите носеше големо бале черги. Чергите ги носеше од перење.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На плеќите носеше нарамена раница од телешка кожа, во рацете дебел боров бастун — тукашно производство, дури и недокастрен, со неколку чатали.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се исправам и гледам во плеќите од Јона.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас станувам, го удирам по плеќите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе